|
Избрани нови организации-спроведувачи на Програмата |
|
|
|
3.10.2008. |
|
Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Здружение за одржлив развој и соработка “Алка“ се двете нови организации што ќе ја спроведуваат програмата “Форуми во заедницата“ во неколку новоизбрани општини.
Организацијата АДИ ќе се вклучи во реализација на Програмата во општина Сарај, додека организацијата “Алка“ ќе го спроведува форумскиот процес во општина Долнени.
Инаку, во оваа фаза и натаму ќе учествуваат досегашните три организации-спроведувачи, и тоа Центарот за институционален развој (ЦИРа) ќе ја спроведува Програмата во општините Берово и Свети Николе, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во општините Битола и Ресен и Фондацијата Институт отворено општество-Македонија (ФИООМ) во општините Кочани и Ново Село.
|
|
|
Избрани нови општини во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ |
|
|
|
3.10.2008. |
|
Нови осум општини се избрани во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, чии жители во наредните месеци ќе идентификуваат и ќе предлагаат решенија за проблемите од нивното секојдневие.
Кочани, Ново Село, Битола, Ресен, Берово, Свети Николе, Сарај и Долнени се општините што се вклучија во втората фаза од Програмата, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Вкупниот буџет за оваа фаза изнесува 60 милиони денари од кои 15,5 милиони денари се учество на општините, а 44,5 милиони денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Поделено по општини, учеството на општина Кочани е два милиони денари и донација на SDC од шест милиони денари. Истиот проектен фонд го добија и општините Ново Село, Ресен, Берово, Свети Николе и Сарај. Учеството на општина Битола изнесува два милиони денари, додека донацијата на SDC е четири милиони денари. Општина Долнени, пак, во Програмата ќе учествува со 1.5 милиони денари, а SDC ќе донира 4,5 милиони денари.
Целта на Програмата е да се поттикне и поддржи учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки и креирање политики на локално ниво. Низ структурирани дискусии, граѓаните и општинската администрација ќе ги идентификуваат приоритетите за развој на општината и заеднички ќе развиваат проекти, од кои, повторно заедно ќе ги изберат оние што практично ќе се спроведуваат.
|
|
|
Промовирана Програмата „Форуми во заедницата“ |
|
|
|
18.03.2008. |
|
Програмата „Форуми во заедницата„ ќе се спроведува во околу 20 општини во следните 3 години, за што Швајцарската агенција за развој и соработка, обезбеди 4 мил. швајцарски франци. Во првата половина на 2008 година оваа Програмата ќе се спроведува во општините Струмица, Чашка, Карбинци, Чаир и Дебар а подоцна ќе бидат вклучени и други општини. За овие пет општини обезбедни се вкупно 28.000.000,00 денари од кои 8.000.000,00 денари се од буџетите на општините, а 20.000.000,00 денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Избрани општините каде ќе се спроведува програмата „Форуми во заедницатa“ |
|
|
|
3.03.2008. |
|
Граѓаните на Струмица, Чашка, Карбинци, Чаир и Дебар и локалните власти од овие општини во следните месеци заеднички ќе изнаоѓаат решенија за социо-економските проблеми во нивните локални заедници.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Трета имплементирачка организација |
|
|
|
3.03.2008. |
|
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е избран за трета органзиација што ќе се вклучи во релаизацијата на програмата. МЦМС ќе спроведува традиционален форум во една општина.
|
|
|