Home arrow Announcements arrow Announcements archive arrow Оглас за единиците на локална самоуправа
Оглас за единиците на локална самоуправа Print E-mail
Friday, 25 January 2008

Програмата „Форуми во заедницата“ поддржана од Швајцарската агенција за меѓународен развој во соработка со ЗЕЛС објавува оглас за учество во следната фаза на програмата.
 
Програмата има за цел  да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии – форуми во заедницата и последователно спроведување на проектите од форумските сесии преку соодветен фонд на средства.
Форумот претставува платформа за развој која има за цел: (1) граѓаните да го подобрат сопствениот живот со сопствените идеи и учество и 2) администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на коешто ќе му се верува.

Конкретните цели на Програмата „Форуми во заедницата“ се:
  • да ги вклучи граѓаните во локалното владеење;
  • создавање партнерства меѓу локалните засегнати страни;
  • подобрување на капацитетот на локалната заедница за развивање проекти;
  • подобрување на капацитетот на локалната администрација во однос на децентрализацијата;
  • конкретно подобрување на локалната социоекономска средина.
Право на учество имаат сите општини во Република Македонија (освен трите општини кои учествуваа во пилот фазата – Ѓорче Петров, Кичево и Прилеп) кои ќе ги исполнат условите на конкурсот.

Целосната апликација заедно со упатството за пријавување и условите /критериумите треба да се преземе од веб-сајтот на ЗЕЛС или од веб-сајтот на Програмата „Форуми во заедницата“. 
Пополнетите пријави и дополнителни документи треба да се достават по пошта на следната адреса:
Програма „Форуми во заедницата“
Единица за координација на форумите
ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 39-2/1
1000 Скопје
Рокот за пријавување е 25 декември 2007 година.
За дополнителни информации јавете се на 070 340 773 (Кристина Хаџи-Василева). 
 
< Prev   Next >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA