Спроведувачи
Алка | Алка |
|
|
|
Здружение за Одржлив Развој и Соработка “Алка” е македонска независна, непрофитна организација основана во април 2004 година. Иницијативата за формирање на локално здружение потекна од членовите на единицата за интегриран рурален развој (ИРДУ), која во периодот од 2000 до 2004 година работеа на спроведување на Програмата за интегриран рурален развој финансирана од Сида, а спроведувана во рамките на британска невладина организација (Директна помош за деца - ЦАД), а потоа во француска НВО (Агенција за Помош во Техничка Соработка и Развој - АЦТЕД).
Во согласност со својата визија “Алка” се стреми преку своето дејствување да придонесе кон создавање на организирано општество чии граѓани ја имаат можноста да земат активно учество во креирање на подобра иднина. Мисијата на “Алка” е насочена кон промовирање и поддршка на иницијативи за одржлив развој на човечките и материјалните ресурси и јакнење на демократските процеси во Македонија. Стратешки цели на здружението се:
“Алка” работи со заедници, општини и доброволни групи, давајќи професионална, техничка, советодавна и финансиска поддршка. Со примена на партиципативниот пристап “Алка” работи на мотивација, мобилизација и самоорганизирање на заедниците, иницира активности за развојно планирање и мобилизирање на достапните ресурси при тоа промовирајќи соработка и партнерство на заедницата со институциите и другите организации. Контакт: Здружение за одржлив развој и соработка “Алка” Ул. Благоја Давков бр.33 1000 Скопје Тел/факс: ++ 389 2 3 214 505 ++ 389 2 3 211 664 Е-маил: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете www.alka.org.mk |