Home arrow Announcements arrow Announcements archive arrow Оглас за избор на КОМОДЕРАТОР
Оглас за избор на КОМОДЕРАТОР Print E-mail
Wednesday, 15 October 2008
Во периодот 2008/2010, Форумскиот процес ќе се спроведува во осум општини – Кочани, Ново Село, Битола, Ресен, Сарај, Долнени, Берово и Свети Николе. За потребите на Форумот, за сите тековни општини, организациите-спроведувачи распишуваат оглас за избор на КОМОДЕРАТОР. Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:
  • Раководење и координирање со Оперативната група;
  • Организирање на сесиите, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
  • Организирање и ко-модерирање на состаноците помеѓу сесиите;
  • Техничка подготовка на сесиите (сала, постери, опрема);
  • Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
  • Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
  • Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, ФИООМ, ЦИРа, МЦМС, АДИ, Алка и SDC;
  • Помош на модераторот при водењето на сесиите;
  • Подготовка на месечни извештаи.

Квалификации и искуство:
  • универзитетско образование
  • познавање на aнглиски јазик
  • активно користење на компјутер (MS Word, Excel, Outlook) 
  • познавање на процесот на децентрализација
  • искуство во работа со невладни организации
  • да е жител на општината
  • искуство во фасилитација, координација и известување
  • наклонетост кон тимска работа
  • одлични комуникациски вештини

Биографиите може да се достават на следниве контакти:

Центар за институционален развој (ЦИРа)
Спроведувач на Програмата во општините Берово и Свети Николе
Тел.02/3114-855
Факс: 02/3214-132
www.cira.org.mk

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
Спроведувач на Програмата во општините Битола и Ресен
Тел.02/3065-381
Факс.02/3065-298
www.mcms.org.mk

Фондација Институт отворено општество-Македонија (ФИООМ)
Спроведувач на Програмата во општините Кочани и Ново Село
Тел.02/2454-882
Факс.02/2403-010
www.soros.org.mk

Здружение за одржлив развој и соработка “Алка“
Спроведувач на Програмата во општина Долнени
Тел/факс 02/3214-505
              02/3211-664
www.alka.org.mk

Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ)
Спроведувач на Програмата во општина Сарај
Тел: 42 22 11 00
Факс: 42 22 11 02
www.adi.org.mk

 
< Prev   Next >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA