За програмата | За програмата „Форуми во заедниците“ |
|
|
|
Цели
Главна цел на програмата е да се поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво. Форумот претставува платформа за развој којашто цели кон тоа (1) граѓаните да го подобрат сопствениот живот, со сопствени идеи и учество и 2) администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на кое ќе му се верува.
Активности
Процесот на Форумот е составен од две главни фази. Во првата фаза (фаза на сесии) учесниците на форумот – жители на општините во кои се спроведува - се вклучени во шест до осум структурирани дискусии, во рамките на кои се создаваат проектни идеи и препораки. Втората фаза е практично спроведување на избраните проекти.
Структура на Форумот
На Форумот учествуваат сите заинтересирани полнолетни граѓани од општината. Вообичаено, Форумот го сочинуваат најмногу десет работни маси, секоја составена од пет до осум учесници. Работните маси ги претставуваат различните социо-економски интереси и гледишта на заедницата. Тие ги структурираат дискусиите на форумот и го дефинираат изборот на проектите. Сите работни маси имаат еднакви права и „тежина“ при изборот на проектите.
Критериуми и одобрување на проекти
Форумот ги избира проектите кои ќе бидат финансирани и спроведени,
следејќи ги правилата и критериумите претходно договорени од страна на
учесниците. Се препорачува при изборот на проектите да се земе предвид
следново:
Крајни резултати
Се очекува секој од Форумите да заврши со следниве мерливи резултати:
|