Вклучени општини
Вклучени во 2008-2010
Ново Село
Комунална инфраструктура-приоритет за жителите на Ново Село | Комунална инфраструктура-приоритет за жителите на Ново Село |
|
|
| 18.12.2008. | |
|
Комунална инфраструктура и животна средина е темата на која жителите на општина Ново Село ќе расправаат во наредните форумски сесии со цел подобрување на нивниот секојдневен живот, и реализирање конкретни проекти.
Ова беше заклучокот од првата форумска сесија што се одржа на 26 ноември, во ресторанот “Мичел“ во општина Ново Село, во присуство на 164 жители, претставници на општината, спроведувачот на Програмата и други.
“Од голема важност е вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки и
решавање на проблеми со кои секојдневно се соочуваат“, изјави
градоначалникот на Ново Село Никола Андонов, на почетокот од сесијата.
Жителите на општина Ново Село, со мнозинство 147 гласови, ја избраа оваа тема од двете што ги предложи општината, и ја утврдија како приоритет во чии рамки ќе расправаат за своите секојдневни проблеми. Присутните, согласно своите интереси, се распоредија по неколку “работни маси“ - општинска администрација, земјоделство, лозари, животна средина, рурален развој, занаети, млади, туризам и пензионери. Проектите, што ќе ги утврдуваат и предлагаат жителите, ќе се финансираат со буџет од осум милиони денари, од кои два милиони се учество на општината, а шест милиони донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Општина Ново Село е една од осумте општини што во рамки на Програмата беше избрана во вториот циклус од Втората фаза на Програмата, во која се предвидува да се вклучат околу 25 општини во наредните три години. Спроведувач на Програмата во оваа општина е Фондацијата Институт отворено општество -Македонија(ФИООМ) |
| < Претходно |
|---|