Вклучени општини
Пилот фаза
Кичево | Кичево |
|
|
|
Општина Кичево е средиштето на кичевскиот регион, лоциран во западниот дел на Република Македонија. Сместена е во Кичевската Котлина која претставува јасно обликувана природна целина, од сите страни обиколена со високи планини. Кичево се простира на површина од 49 км². Според бројот на жителите, тоа е најголемата општина во регионот во која живеат 52,5% од вкупниот број жители на регионот. Главно обележје на стопанството во регионот му дава Рударско-енергетскиот комбинат „Осломеј", со капацитет од 660.000 киловат-часови на годишно ниво. Тоа е првиот објект од ваков вид изграден во Република Македонија.
И покрај планинското опкружување на регионот, Кичево има добра патна поврзаност со другите региони во Република Македонија . Демографската структура на населението во Општина Кичево е мошне разновидна и интересна. Општина Кичево (според пописот од 2002 година) има 30.138 жители, од кои 15.143 се мажи (50,2% од вкупното население во општината), а 14.995 жени (49,8% од вкупното население). Кичево е мултиетничка заедница, во која живеат 16.140 Македонци (53,6% од вкупното население во општината), 9.202 Албанци (30,5% од вкупното население), 2.430 Турци (8,1% од вкупното население во општината), 1.630 Роми (5,4% од вкупното население во општината), 76 лица се Власи (0,3% од вкупното население во општината), 86 - Срби (0,3 % од вкупното население во општината), 7 - Бошњаци, а на преостанатото население му припаѓа бројка од 567 жители, или 2,1%.
Од статистиката на програмата „Форуми во заедниците" – Општина Кичево
Избрана тема: Подобрување на локалната инфраструктура во Кичево Избрани подрачја: Број на сесии: 6 Просечен број учесници на работните маси: 70 Вкупен број работни маси: 10 Избрани проекти ЕДНАКОВ ПРИСТАП ЗА СИТЕ - НАДМИНУВАЊЕ НА АРХИТЕКТОНСКИТЕ БАРИЕРИ СО ИЗГРАДБА НА ПРИСТАПНИ РАМПИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Носител на проектот: Здружение на телесно инвалидизираните лица - Кичево Буџет: 1.408.200,00 денари (сопствено учество 202.000,00 денари, донација од SDC 890.100,00 денари, учество на општината 316.100,00 денари)
Институциите во Кичево немаат обезбеден пристап за лицата со посебни потреби. Архитектонските бариери се само една од пречките со коишто се соочуваат овие лица во рамките на општествениот живот. За да се надминат овие потреби е неопходна изградба на пристапни рампи до јавните објекти во Општина Кичево. Пристапноста на објектите ќе придонесе за јакнење на самодовербата на лицата со посебни потреби и со телесен инвалидитет, како и на старите и изнемоштени лица, а можностите за самостојно движење ќе придонесат за нивно интегрирање во секојдневниот живот, со што ќе се обезбедат еднакви услови за остварување на основните човекови права на сите граѓани. Тоа ќе овозможи подобра и поефективна работа на институциите во насока на обезбедување еднакви услуги за сите граѓани. Проектот е наменет првенствено за лицата со посебни потреби или со телесен инвалидитет од Општина Кичево и од околните општини од кичевскиот регион. Со проектната интервенција ќе бидат изградени 9 пристапни рампи во вкупно 6 јавни објекти, и тоа: СДУ „Мирко Милески", ЈЗУ Здравствен дом, Општа болница - Кичево, Агенцијата за вработување Кичево, ДГУ Катастар - Кичево, Домот на културата - Кичево, Меѓуградската автобуска и железничка станица
УРЕДУВАЊЕ НА ПЛОШТАДОТ И НА ПЕШАЧКАТА ЗОНА Носител на проектот: Општина Кичево Буџет: 7.439.125,00 денари (донација од SDC 5.531.075,00 денари, учество на општината 1.908.050,00 денари)
На Кичево му е потребно зачувување на старото градско јадро, заживување на традицијата „корзо", како место каде што граѓаните ќе се собираат за да се дружат и да се рекреираат и место каде што ќе се одржуваат културни и забавни манифестации. Овој проект има за цел да се дефинира и да се создаде слободна пешачка зона и плоштад во Кичево, со што ќе се придонесе кон подобрување на состојбата во централното градско подрачје, но и ќе се зголемат можностите за зачувување на Китино кале, што ќе биде од големо значење за граѓаните на Кичево. Со реализацијата на проектните активности ќе се уреди површината меѓу храмот Св. Петар и Павле и зградата „Стара слобода", ќе се изгради канал за одводнување од атмосферските води, ќе се санираат улиците и тротоарите и ќе се постави улично осветлување. Просторот ќе биде збогатен со урбана опрема и ќе биде хортикултурно уреден.
РЕНОВИРАЊЕ НА ФИСКУЛТУРНИОТ ДОМ - СОКОЛАНА Носител на проектот: Општина Кичево Буџет: 2.400.885,00 денари (1.805.535,00 донација од SDC, 595.350,00 учество на општината)
Постојните спортски капацитети на Општина Кичево не ги задоволуваат потребите на населението - ниту во поглед на бројноста, ниту во поглед на квалитетот на понудените содржини. Целта на проектот е зголемување на спортските капацитети на Општина Кичево, преку ревитализација и реконструкција на фискултурниот дом Соколана, каде што ќе се организираат и ќе се одржуваат спортски средби и натпревари, со што ќе се придонесе кон поголемо меѓусебно разбирање на младите лица и надминување на социјалните и на етничките разлики меѓу нив, како и спротивставување на пороците на денешницата и создавање на здрави поколенија. Проектот е наменет не само за задоволување на потребите на петнаесетте спортски клубови и на петте културно-уметнички друштва, кои заедно имаат повеќе од 2.000 членови, туку корист од него ќе има целото население на Кичево. Проектот предвидува целосно реновирање на фискултурниот дом Соколана, преку санација на покривната конструкција и на покривот, обнова на фасадата и поставување нови влезни врати и скалила, санација на ѕидовите и на прозорците, поставување на нова подна конструкција, санација на тоалетите и на купатилата, поставување на ново осветлување и уредување на околниот простор. Препораки Граѓаните кои учествуваа на форумските сесии ги дадоа следниве препораки до Општина Кичево за подобрување на состојбата во општината:
Оценки од евалуацијата во Кичево
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||