Насловна
Реновирање на спортски објекти - приоритет за жителите на Сарај Испечати Е-пошта
18.12.2008.
Првата форумска сесија во општина Сарај, во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, го утврди приоритетот на жителите на оваа општина - Реновирање на постоечките спортски објекти во општината.
Ова е темата на која во наредните форумски сесии, жителите преку демократски модел на одлучување ќе ги посочат сопствените идеи и конкретни резултати за подобрување на секојдневниот живот во општината.prva_sesija_saraj-1.jpg

Сесијата, што се одржа на 1 декември во ресторанот Демир во општина Сарај, ја отвори градоначалникот Беким Фазлиу, кој ги посочи причините зошто оваа општина се вклучи во Програмата, чиј буџет за оваа општина изнесува осум милиони денари, од кои два се учество на општината а шест на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Форумот, на оваа сесија, утврди седум “работни маси“ што ги претставуваат интересите на присутните жители - општинска администрација, спорт, млади, пензионери, образование и култура, неопределени и здравство.prva_sesija_saraj.jpg
Општина Сарај е една од осумте општини што во рамки на Програмата беше избрана во вториот циклус од Втората фаза на Програмата, во која се предвидува да се вклучат околу 25 општини во наредните три години.
Спроведувач на Програмата во оваа општина е Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ).
 
< Претходно


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA