Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Ново Село arrow Жителите на Ново Село ги идентификуваа проблемите
Жителите на Ново Село ги идентификуваа проблемите Испечати Е-пошта
27.12.2008.
    Околу 100 жители на Ново Село присуствуваа на втората форумска сесија што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 24 декември во ресторанот Мичел, во општина Ново Село.vtora_sesija_novo_selo.jpg
“Форумот е одлична можност да се добијат средства за оние работи што ни се приоритетни“, изјави Трајче Марков (56), невработен, жител на општината.
    Присутните на 13 “работни маси“, колку што формираше овој Форум, бирајќи по три и повеќе проблеми од секоја “маса“, ги утврдија главните поттеми односно ги дефинираа проблемите. Тоа се одвод и довод на вода, канали за наводнување и комунален отпад.
    ““Ни треба филтер станица, канализација, но исто така имаме потреба и од спортска сала“, посочува Зора Атанасова (52), домаќинка од Ново Село.
    Работната група, која имаше задача да ги утврди состојбите во рамки на главната тема Комунална инфраструктура, што жителите на Ново Село ја избраа на минатата, прва сесија, имаше своја презентација на почетокот на сесијата.
    “Тоа значи што опфаќа темата, да се создаде поширока слика за целата општина“, објасни модераторот на Форумот Весна Шкортова, инаку дел од ФИООМ, организација-спроведувач на Програмата во Ново Село.vtora_sesija_novo_selo-1.jpg
    Претставничката на оваа работна група, меѓу другото, посочи дека во Ново Село, што опфаќа 16 населени места со 11.567 жители, во ниту едно населено место нема систем за третирање на отпадни води.
    “Нашето село е малку понастрана, повеќе работи народот отколку што нешто добиваме. Се надеваме дека оваа Програма ќе ни помогне“, вели Грозданова Марина, невработена од селото Старо Коњаре.
    Согласно секоја поттема што се утврди на втората сесија ќе се формира работна група, што ќе презентира свој извештај на наредната, трета сесија.
    Програмата “Форуми во заедницата“ започна да се реализира во општина Ново Село со вкупен буџет од осум милиони денари, од кои два милиони се учество на општината, а шест милиони донација на Швајцарската агенција за равој и соработка (SDC).
    Целта на Програмата е промоција на демократскиот модел на одлучување на граѓаните во рамки на процесот на децентрализација, преку сопствени идеи, учество и конкретни резултати.
    Наредната сесија во општина Ново Село е закажана за 28 јануари.

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA