Вклучени општини
Пилот фаза
Прилеп | Прилеп |
|
|
|
Општина Прилеп се наоѓа во централниот дел од јужното подрачје на Република Македонија. Го зафаќа Прилепско Поле, северниот дел од најголемата котлина во Македонија - Пелагонија. Градот Прилеп се наоѓа на надморска височина од 620-650 метри, а на ридестите падини и до 680 метри. Во Општина Прилеп живеат 76.768 жители, од кои 73.351 живеат во градот. Најголем дел од жителите на Општина Прилеп, односно 70.878, се Македонци. Покрај нив, во Прилеп живеат и 4.433 Роми, 172 Срби, 917 Турци, 22 Албанци, 17 Власи, 86 Бошњаци, како и 243 жители кои им припаѓаат на други националности.
Од статистиката на програмата „Форуми во заедниците" – Општина Прилеп Избрана тема: Урбан развој на заедницата Избрани подрачја: Број на сесии: 6 Просечен број учесници на работните маси: 103 Вкупен број работни маси: 9 Избрани проекти РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ И КУЛТУРНО-ИСТОРИСКИОТ КОМПЛЕКС „МОГИЛА" ВО ПРИЛЕП Носител на проектот: ЈКП „Комуналец" - Прилеп Партнери: ЈП „Водовод и канализација"; Електро-Прилеп; ЈП Македонски шуми; Бизнис-секторот, претставуван од Регионалната стопанска комора на Прилеп Буџет: 7.163.020,00 денари (сопствено учество 1.074.453,00 денари, донaција од SDC 4.297.812,00 денари, учество на општината 1.790.755,00 денари) Градот Прилеп нема класичен градски парк, како простор наменет за одмор и за рекреација на граѓаните. Освен просторот „Могила", не постои друг рекреативен зелен простор погоден за спорт и за прошетки, простор што би можеле да го користат сите жители на општината. Целта на овој проект е да се облагороди просторот „Могила", да се заштити и да заживее, односно да се создадат поволни услови за спортско-рекреативни активности за сите граѓани и посетители, вклучително и лицата со посебни потреби. Во рамките на проектот ќе се реконструира водоводната мрежа (ќе се постават 5 фонтани, 1 санитарен јазол и ќе се направат 5 декоративни езерца, сите пристапни за лицата со посебни потреби), ќе се реконструира електричната мрежа (со поставување на 50 светилки), ќе се реконструираат постојните и ќе се изградат нови пешачки патеки (трим-патека во должина од 1.500 метри, велосипедска патека во должина од 1.500 метри, пешачка патека од 30 м). Се планира и изградба на скејт-парк од 64 м² и на детски забавен парк од 200 м², достапен и за децата со посебни потреби, а ќе се направи и спортски центар (со целосно опремени игралишта за тенис и за ракомет, кои ќе можат да се приспособат и да функционираат и како игралишта за мал фудбал и за кошарка, и со игралиште за одбојка). Ќе се реконструира и постојниот амфитеатар, кој ќе добие седишта и ќе биде осветлен. Хортикултурното уредување на просторот и поставените клупи ќе придонесат за тоа прилепчани да добијат катче за одмор. Според планот, треба да се обнови и еден од симболите на револуционерниот Прилеп – „Могилата на непобедените" - и да се облагороди просторот околу неа. Корисници на можностите што ќе ги понуди обновениот објект ќе бидат околу 70.000 граѓани на Општина Прилеп - спортисти, рекреативци, ученици, стари лица, лица со посебни потреби, како и туристи. Се разбира, свој интерес во сето тоа ќе најде и бизнис-секторот, како и јавните претпријатија во градот. ВАРОШ - КУЛТУРНА ГОРДОСТ, ТРАДИЦИЈА, ПАНАЃУР Носител на проектот: НВО Форум за авангардна креативност - Прилеп Партнери: Општина Прилеп, Завод и музеј Прилеп, Институт за старословенска култура - Прилеп, Македонска православна црква, Министерство за култура Буџет: 5.000.000,00 денари (сопствено учество 800.000,00 денари, донација од SDC 3.088.000,00 денари, учество на општината 1.332.000,00 денари) Споменичниот комплекс Варош нуди огромно културно-историско богатство со коешто Прилеп се гордее. Тој е средиште на културно-историските споменици во овој регион кои датираат од доцниот неолит, а денес на овој локалитет се наоѓаат огромен број споменици на сакралната архитектура од изминатите векови. Но, местото Варош го нема оној сјај и не е посетено онака како што би требало да биде, со оглед на неговата вредност. За да заживее се потребни интервенции во инфраструктурата на просторот, со што ќе се создадат услови за негова културна афирмација. Во рамките на проектот ќе се преземат активности во три насоки: 1) поврзување на постојните споменици на сакралната и профаната архитектура со една патека во должина од 1.000 метри, за што ќе се користат природни материјали (предвидено е патеката да биде осветлена и по целата должина да се постават клупи, информативни табли и други урбани елементи); 2) уредување и афирмирање на просторот на некогашното панаѓуриште, преку изградба на атриумски влезен пункт во културниот комплекс „Маркови кули", при што градбата ќе биде повеќефункционална и ќе се создаде простор за најразлични културни манифестации и за презентација на различни културни содржини; и 3) развој, печатење и дистрибуција на пропаганден материјал, со цел да се придонесе за зголемување на неговата посетеност. Освен локалното население од Варош, за кое заживувањето на ова место може да значи и побрз економски развој на заедницата, придобивки од проектот ќе почувствува и населението, како и институциите од Прилеп и од поширокиот регион, а преку неговата афирмација и целата земја. Дадени препораки Согледувајќи ги проблемите со кои се соочува Општина Прилеп, учесниците на форумските сесии ги дадоа следниве препораки до надлежните институции:
Оценки од евалуација
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||