| Трета сесија во Битола |
|
|
| 18.02.2009. | |
|
На третата форумска сесија, што се одржа во ОУ “Елпида Караманди“, присуствуваа околу 80 граѓани кои ги изнесоа своите презентации во однос на проблемите кои тие ги сметаа за приоритетни.
На сесијата имаше можност да се видат и чујат три навистина добри презентации направени токму од граѓаните, во рамки на програмата “Форуми во заедницата“.
Првата се однесуваше за туристичката промоција на општина Битола за која граѓаните сметаат дека е недоволна, и оти во иднина би требало да се поработи на подобро туристичко претставување на општината. Тука, како главни проблеми се издвоија - недоволни туристички капацитети, немање на летна сцена на Тумбе Кафе, непочитување на делото на Браќа Манаки како и неразвиена инфраструктура на Тумбе Кафе. Втората презентација беше за недоволните капацитети за спорт и рекреација каде повеќе внимание би требало да се посвети на паркови за деца, санирање на игралишта, повеке затворени спортски објекти во градот, итн. ![]() Третата презентација односно проблем, што Форумот го утврди како приоритетен, беа незадоволителните комунални и јавни услуги каде акцентот се стави на подобрување на главната водоводна мрежа и асфалтирање на патишта во руралните средини. На третата форумска сесија беа договорени и работните групи согласно проблемите, а на следната, четврта сесија, се очекува да се направи селекција на проектите за што ќе помогне и деталната анализа на проблемите, што граѓаните ќе ја изработат и презентираат. Програмата Форуми во заедницата, освен во општина Битола, во новиот циклус се одвива и во седум други општини - Ресен, Ново Село, Берово, Свети Николе, Кочани, Долнени и Сарај. На третата форумска сесија, што се одржа во ОУ “Елпида Караманди“, присуствуваа околу 80 граѓани кои ги изнесоа своите презентации во однос на проблемите кои тие ги сметаа за приоритетни. |
| < Претходно | Следно > |
|---|