Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Свети Николе arrow Oдржана трета форумска сесија во Свети Николе
Oдржана трета форумска сесија во Свети Николе Испечати Е-пошта
18.02.2009.
  Околу 96 граѓани присуствуваа на третата форумска сесија, чиј дел се одржа на 22 јануари, во собраниската  сала на општина Свети Николе, а дел на 27 јануари, во рамки  на програмата “Форуми во заедницата“.treta_sesija-sveti_nikole.jpg
  Сесијата беше поделена на два дела со цел да се остави време за презентациите и активна дискусија. На сесијата беа присутни претставници од образованието, центарот за социјална работа, општината, бизнис секторот, НВО, како и млади над 16 години.
    На форумската сесија добредојде им посакаа модераторот и комодераторот задолжени за форумската сесија во Свети Николе и ги потсетија присутните до каде се дискусиите од претходната сесија, како и правилата за работа. Тие додадоа дека средствата за Програмата во општината се обезбедени од Швајцарската агенција  за развој и соработка (SDC), со шест милони денари, и општината која учествува со два милиони денари.treta_sesija-sveti_nikole_1.jpg
    На Форумската сесија беа присутни и претставник од SDC, на организацијата што ја спроведува оваа програма во Свети Николе-Центарот за институционален развој (ЦИРа), како и експерт од Бугарија.
    Потоа беше презентирана работата од трите работни групи, а од презентациите призлезе и дискусија, за да на крајот се формираат нови седум работни групи што ќе работат на предлог концепти.
    Програмата Форуми во заедницата, освен во Свети Николе, во оваа циклус се одржува и во седум општини - Битола, Ресен, Кочани, Ново Село, Берово, Сарај и Долнени.
    Наредната, четврта форумска сесија, беше закажана за 26 февруари.
   
 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA