Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Берово arrow Трета форумска сесија во Берово
Трета форумска сесија во Берово Испечати Е-пошта
18.02.2009.
    Околу 80 жители на Берово присуствува на третата форумска сесија што се одржа на 28 јануари, во салата на основното училиште “Дедо Иљо Малешевски“, во општината.treta_sesija-berovo.jpg
  Учесниците на сесијата, што се одржува во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, одделија дел од своето време и со голем ентузијазам и посветеност дебатираа и заеднички ги идентификуваа проблемите, и нудеја решенија.
    “Имаме проблеми кои се дел од нашето секојдневие и се приоритетни, но јас сум љубител на спортот и културните манифестации, така што им давам приоритет ба спортските терени и мултифункционалната сала“, вели Антонио Двојаковски, жител на општина Берово.
    Претходно формираните работни групи, согласно темата на Форумот, поднесуваа извештаи во врска со предложените проблеми од граѓаните. Известуваа работните групи за инфраструктурни проблеми во јавни институции, за јавни површини и за отпадни води.
    “Организацијата е одлична, а такви се и моите очекувања од еден ваков Форум“, вели Мирјана Пецуровска, жителка на Русиново.
    Според пензионерот Александар Механџиски, “општината треба да допринесе во реализацијата на Програмата“, и како што вели, “да го направиме нашесто место поубаво за живеење“.
    Вкупниот буџет на Програмата, во општина Берово, изнесува осум милиони денари, од кои два милиони ги обезбедува општината, а шест милиони се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).


 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA