Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Берово arrow Изводливост на проблемите-четврта сесија во Берово
Изводливост на проблемите-четврта сесија во Берово Испечати Е-пошта
27.02.2009.
   Околу 80 жители на општина Берово учествуваа на четвртата форумска сесија во Берово, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 18 февруари во салата на ОУ “Дедо Иљо Малешевски“.cetvrta_sesija_berovo-1.jpg
   Граѓаните на сесијата поднесуваа извештаи од претходно формираните работни групи, за изводливост и издржаност на проблемите што беа утврдени како приоритетни на претходните сесии.
    “Задоволна сум што мојата идеја и предлог помина во проект за кој што ќе се борам да успее до крај“, вели Бубовска Беба, пензионер од Берово.
    Четвртата сесија презентираше осум концепти за предлог-проекти:
     - Доизградба на колекторски систем за фекална канализација и отпадни води во туристичката населба околу беровско езеро;
    - Изградба и реконструкција на тротоари и атмосферска канализација на улиците Маршал Тито, Моша Пијаде и Страшо Пинџур, и за улиците Прохор Пчински и 23-ти Август- Ромско мало;
    - Доизградба на фекална канализација  во с.Ратево и с.Русинов;
    - Реконструкција на мултинаменска сала Партизан со оградување на игралиште до ОУ Д.И.Малешевски;
    - Реконструкција  на соблекувалните во градскиот стадион и овозможување на нови содржини за развој на туризмот, и изградба на спортски терен во местото Герински рид;
    - Уредување  на Кеј на реката Брегалница;
    - Доизградба на Плоштадот Димитар Беровски;
    - Mултинаменска просторија за чување и изработка  на реквизити за културни манифестации во с.Ратево.cetvrta_sesija_berovo.jpg
    Вкупниот буџет за Програмата во општина Берово изнесува осум милиони денари, од кои два милиони ги обезбедува општината, а шест милиони се донација од SDC
    “Ме радува што граѓаните се активни учесници на Форумот, дебатираа и даваа мислења. Навистина добра атмосфера, штета што проектот е ограничен во однос на буџетот. Ми се допаѓа  што се води сметка за општ интерес и нема парцијални делови“, изјави раководителот на Националната програма за демократско владеење при Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) Ибрахим Мехмети.
    Граѓаните се задоволни од форумските сесии, и се надеваат на уште поголем успех.
    “Има заинтересирани граѓани, па така ќе доаѓаме на форуми и се надевам на успех“, изјави Зоран Ременски од село Ратево.
    Програмата “Форуми во заедницата“, во оваа фаза, освен во општина Берово се изведува и во општините Ново Село, Битола, Ресен, Долнени, Сарај, Свети Николе и Кочани.



 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA