Четврта сесија во Свети Николе Испечати Е-пошта
27.02.2009.
 Форумската сесија во Свети Николе, четврта по ред во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, се одржа на 26 февруари во собраниската сала на општината во присуство на 114 граѓани.cetvrta_sesija_sveti_nikole.jpg
  Вкупно седум предлог-проекти беа презентирани од работните групи што се формираа на претходните форумски сесии, а тоа се:
    Младински културно-едукативни центри, Изградба на отворени и затворени спортски објекти, Отворање на центар за обуки и претприемништво, Различни а еднакви, Изработка на програма за едукација и социјализација на ранливи групи-Нуклеус, Обезбедување (изградба) на повеќенаменски простор и Отворена Врата.
    Форумот, по дискусиите, реши да ги спои сличните концепти, како што се случи со петиот и шестиот идеен концепт, како и првиот и седмиот.
    “Задоволна сум од понудените решенија и се надевам дека ќе се развијат добри предлог-проекти“, изјави Валентина Јовановска, жител на општината.cetvrta_sesija_sveti_nikole_1.jpg
    Вкупниот буџет на Програмата во општина Свети Николе изнесува осум милион денари, од кои шест милиони денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и два милиони денари учество на општината.
    Програмата “Форуми во заедницата“, во оваа фаза, освен во општина Свети Николе се изведува и во општините Ново Село, Битола, Ресен, Долнени, Сарај, Берово и Кочани.
    Наредната, петта форумска сесија, е закажана за крајот од април

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA