Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Долнени arrow Дефинирање на проблемите-втора сесија во Долнени
Дефинирање на проблемите-втора сесија во Долнени Испечати Е-пошта
1.03.2009.

  Програмата “Форуми во заедницата“ продолжува да се реализира во општина Долнени, со втората сесија што се одржа на 21 јануари, во просториите на ресторанот „М„ во село Лажани, а во присуство на 43 граѓани.vtora_sesija-dolneni.jpg

  Присутните, во рамки на осумте “работни маси“, преку дискусии дефинираа и групираа неколку проблеми според кои се формираа поттеми за утврдената тема од првата форумска сесија, “Заштита на животната средина“.
“Добро е што овде одлучуваат граѓаните“, изјави еден од присутните на Форумот Рамадан Реџепоски, од село Дебреште.
   Проблемите на кои жителите им дадоа приоритет се групираа во четири групи: непостоење на канализации, недоволно третирање на отпад-појава на диви депонии, недостаток на здрава вода за пиење и недоволно зелени површини.vtora_sesija_dolneni-1.jpg
   Согласно овие проблеми, присутните граѓани формираа работни групи кои за овие групи на проблеми ќе направат истражување на терен за да утврдат каква е моменталната состојба во општината.
   Според градоначалникот на Долнени Изудин Каришиќ, пак, треба да се зголеми учеството на форумските сесии и повика на помасовно учество.
   Буџетот за програмата “Форуми во заедницата“ во општина Долнени изнесува шест милиони денари, од кои 1,5 милиони денари се учество на општината, а 4,5 милиони денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
   Програмата, во оваа фаза, се спроведува во уште седум општини – Берово, Битола, Свети Николе, Ново Село, Ресен, Долнени, Сарај и Кочани.
   Спроведувач на Програмата во оваа општина е Здружението за одржлив развој и соработка “Алка“.

 

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA