Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Сарај arrow Утврдување на предлог-решенија во Сарај
Утврдување на предлог-решенија во Сарај Испечати Е-пошта
1.03.2009.

   Вкупно 85 жители на општина Сарај присуствуваа на третата форумска сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 30 јануари во општинската сала во Сарај.treta_sesija_saraj.jpg

   Работните групи што се формираа согласно идентификуваните проблеми “Изградба и реновирање на јавните и училишни спортски терени“ и “Реновирање и снабдување со реквизити на постоечките спортски објекти“, ги презентираа наодите за тоа што се случува на терен, преку нивното теренско истражување.
 Жителите детално ја претставија состојбата со спортските објекти од затворен и отворен тип во населените места Сарај, Кондово, Глумово, Рашче, Радуша, Крушопек, Шишово, Ласкарце, Љубин, и се утврди дека голем број на објектите се руинирани.treta_sesija_saraj-1.jpg
   Дискусијата резултираше со дефинирање на осум предлози за развој на проектни концепти.
   Предлозите, главно, се однесуваат на изградба на спортски терени во селата Бојане, Копанце, Ласкарце, Рашче и Кондово, потоа Реновирање и снабдување со реквизити на спортските сали во училиштата во Кондово и Радуша; Реновирање на Домот на културата во село Буковиќ; Снабдување на друштвото на пензионерите со спортски реквизити; Поправка на спортските реквизити од јавен карактер и Подигање на свеста за грижа и нивна соодветна употреба во општина Сарај.
    Сесијата формираше осум работни групи што ќе работат на развој на проектните концепти за секој од предлозите.
    Буџетот на програмата “Форуми во заедницата“ во општина Сарај изнесува осум милиони денари, од кои два милиони денари се учество на општината, а шест милиони денари донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
    Форумскиот процес е отворен за сите граѓани во општината кои заедничк решаваат одредени прашања и работат кон прифатливи решенија со основна цел да го подобрат секојдневниот живот во заедницата.
 

 


 
  
 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA