Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Ново Село arrow Жителите на Ново Село ги утврдија предлог-решенијата
Жителите на Ново Село ги утврдија предлог-решенијата Испечати Е-пошта
1.03.2009.

 Вкупно 96 жители на општина Ново Село присуствуваа на третата форумска сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, се одржа на 28 јануари во ресторанот “Мичел“.treta_sesija-novo_selo.jpg

  Работните групи, формирани согласно приоритетните проблеми што жителите на Ново Село ги посочија во рамки на главната тема “Комунална инфраструктура и животна средина“, ги презентираа извештаите за трите поттеми од минатата сесија – довод и одвод на вода, комунален отпад и канали за наводнување.
  Приоритетите што граѓаните ги утврдија се - филтер станица во Ново Село, контејнери за отпадоци, чистење на каналите за наводнување на општината, средување на речното корито и промена на цевки за водоснабдување (т.е.подобрување на квалитетот на водата за пиење).treta_sesija_novo_selo_1.jpg
  Буџетот на Програмата во општина Ново Село, со чии средства ќе се реализираат конкретните проекти што ќе ги изберат граѓаните, изнесува осум милиони денари, од кои два милиони денари се учество на општината, а шест милиони денари донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
  Програмата, во оваа фаза, освен во Ново Село се реализира и во седум други општини – Берово, Битола, Свети Николе, Ресен, Долнени, Сарај и Кочани.
 
 

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA