|
Презентации на проект-концептите во Сарај |
|
|
|
1.03.2009. |
|
Четвртата форумска сесија, на која жителите на општина Сарај ги презентираа предлог-концептите, се одржа на 20 февруари во општинската сала на Сарај, во присуство на 70 граѓани.
Проект-концептите ги презентираа членови на осумте работни групи, кои согласно утврдените проблеми од претходните сесии, го објаснуваа и аргументираа развојот на предложените концепти.
Предлог-концептите, за кои жителите дискутираа и детално ги презентираа со слики од теренот, се:
- Изградба и опремување на спортски објекти во Бојане, Копанце, Ласкарце, Рашче и Кондово;
- Изградба на спортски објект во основното училиште во селото Љубин; Обнова и опремување на спортските сали во селата Кондово и Радуша;
- Реновирање на Културниот дом во с. Буковиќ;
- Снабдување на здружението на пензионерите со спортски реквизити;
- Асфалтирање на спортскиот терен во Долно Свиларе и обезбедување на соодветни конструкции;
- Изградба на спортски терен во с. Матка и
- Поправка на јавните реквизити и подигање на свеста за нивно чување соодветно користење
Претставниците на секоја работна група укажаа на целта која сакаат да ја постигнат со нивниот проект како и кои целни групи ќе бидат корисници.
Тие дадоа и предлог-решение за секој од наведените предлог-проекти.
За секој предлог-проект беше утврден и предлог-буџет за реализација.
Буџетот на програмата “Форуми во заедницата“ во општина Сарај изнесува осум милиони денари, од кои два милиони денари се учество на општината, а шест милиони денари донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
|