Вклучени општини
Вклучени во 2008-2010
Ново Село
Усвоени пет предлог-концепти во Ново Село | Усвоени пет предлог-концепти во Ново Село |
|
|
| 5.03.2009. | |
|
Вкупно пет предлог-концепти усвоија жителите на Ново Село, на четвртата форумска сесија што се одржа на 18 февруари во ресторанот “Мичел“, во присуство на 102 граѓани.
Работните групи, меѓу двете сесии, ги разработуваа идејните решенија на приоритетните проблеми што жителите на Ново Село во изминатите сесии ги посочија во рамки на главната тема “Комунална инфраструктура и живтона средина“.
“Обезбедување чиста вода за приење во Ново Село“, еден од предлог-концептите, и натаму е императив за граѓаните од речиси сите 14 населени места во општина Ново Село. Пред се, во Општинскииот центар Ново Село нема филтер станица за прочистување на водата која доаѓа нечиста од артерските бунари, наведуваат жителите. Според Илија Боевски, кој го презентираше предлог-проектот, во Ново Село има две училишта, детска градинка и други заеднички институции, поради што проблемот со немањето филтер станица треба да добие свој приоритет. ![]() Предлог-концептот “Замена на штетните азбесни цевки за водоснабдување“, исто така беше усвоен од Форумот, кој утврди овој проблем да се решава и во село Мокриево. Според Драги Стојчев, жител на општината, предлог-концептот е неопходен поради опасноста од канцерогени заболувања. “Санирање и доградба на каналската мрежа“, е предлог-концепт чија цел е да најде решение за проблемот со каналите за наводнување во Дражево и Старо Коњарево, како и во другите Подгорски села. Учество за развивање на оваа проектна идеја најавија и жители на селата Колешино, Борисово, Мокриево и Мокрино. Четвртиот предлог-проект што го усвоија учесниците на четвртата форумска сесија е “Чистење и регулација на речното корито на реката Новоселка“, со кој ќе се актуелизира проблемот со нерегулираното и загадено речно корито на реката Новоселка која поминува низ општинскиот центар. “Обезбедување чиста вода за пиење во селата Борисово и Мокриево“, е петиот предлог-концепт со кој би се решил проблемот со застарената водоводна мрежа и маалските водоводи во Борисово и Мокриево. |
| < Претходно | Следно > |
|---|