Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Кочани arrow Презентирани 12 предлог-проекти во Кочани
Презентирани 12 предлог-проекти во Кочани Испечати Е-пошта
5.03.2009.
    Околу 140 жители на општина Кочани присуствуваа на четвртата форумска сесија, што во рамките на програмата “Форуми во заедницата“, се одржа на 19 февруари во ОУ “Св.Кирил и Методиј“.cetvrta_sesija_kocani_1.jpg
 Вкупно 12 предлог-концепти беа презентирани на сесијата, a Форумот даде одобрување на нивно натамошно развивање.
    “Објект за престој во планина“, чија цел е подобра соработка и социјализација на граѓаните“, е предлог-концепт што ќе овозможи подобрување на квалитетот на нивното живеење.
    “Лоша состојба на градскиот стадион “Никола Мантов“, би претпоставувал реконструкција на главниот терен, изработка на помошни терени и рекоснтруирање на пострибинскиот простор.
    “Санација на градската спортска сала“, е предлог-концепт за обнова на паркетот во спортската сала, поправка на осветлувањето и на гардеробите, реконструкција на санитарните чворови, и поставување седалки на трибините.
    “Недоволна искористеност на градскиот базен“, претпоставува зголемување на временската достапност на базенот, односно да се користи и во другите периоди, освен во летото.
    “Афалтен пад до “Дабот“, е предлог-концепт чија цел е поголема искористеност и постетеност на природниот парк “Дабот“ во село Бели.cetvrta_sesija-kocani.jpg
    “Непостоење објект за дружење“, предвидува реконструкција на објект и негово комплетно уредување, за да се намали маргинализацијата на младите, а да се зајакнат капацитетите на НВО.
    “Недоволно зелени површини во периферијата на градот“, што предвидува, меѓу другото, изградба на рекреативно зеленило, паркови и поголема информираност.
    “Неоградени и неопремени образовни објекти“, предлог-решение што произлезе од потребата за јакнење на безбедноста на децата додека престојуваат во училиште и градинка.
    “Непостоење на атмосферска канализација во општина Кочани“, предлог-проект што предвидува решенија за подобрување на постојната фекална канализација.
    “Лоша патна инфраструктура во населба Оризари“, со предлог-решение за асфалтирање на улицата “Асном“.
    “Загрозена безбедност на пешаците“, со предлог-концепт за санација на тротоарот на улица “Роза Петрова“ во Кочани, чија цел е да се намалат жртвите во сообраќајни несреќи.
    “Изградба на регионален пензионерски дом“, предлог-концепт што беше прифатен од Форумот, иако не беше формирана работна група на претходната сесија.
    Предлог-концептот за “Непостоење на градски бањи“ ќе се внесе во препораките до општината.
   
   
    
 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA