Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Битола arrow Четврта сесија во Битола-усвоени пет предлог-проекти
Четврта сесија во Битола-усвоени пет предлог-проекти Испечати Е-пошта
5.03.2009.

 Околу 80 жители на Битола присуствуваа на четвртата форумска сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 28 февруари во ОУ “Елпида Караманди“.cetvrta_sesija_bitola.jpg

 Жителите, согласно утврдените проблеми на претходните сесии, презентираа, дебатираа и усвоија пет предлог-концепти, со интересна дебата околу нивните приоритети за подобрување на секојдневниот живот во општината.
 “Амбиентално уредување на училишниот двор и спортски комплекс во село Кишава“, чиј предлог-буџет изнесува 15 илјади евра, ќе има за цел подобрување на условите за настава, спорт и рекрација во дворот на училиштето. Директни корисници на овој предлог-проект би биле над 110 ученици, и околу 40-тина млади од селото што се наоѓа околу 20 километри јужно од Битола.
 “Тумбе-кафе како спортско рекреативен комплекс“, што би претставувал рекреативен центар за градот, особено за помладите. Презентерите од оваа работна група го посочија и предлог-буџетот што би изнесувал седум илјади евра.
 “Тумбе кафе –Основна инфраструктура“ е предлог-проект што според жителите на Битола е неопходен за реновирање на водоводот, канализацијата, струја, вода и освтелување, како претпоставка за изградба на летна сцена. Овој предлог-прокет би чинел 30 илјади евра.cetvrta_sesija_bitola-1.jpg
  “Тумбе кафе како културна-историска знаменитост и можност“ – изградба на летна сцена е предлог-проект што би бил туристички и културен простор каде ќе се одржуваат различни културни манифестации. Предлог-буџетот на овој проект изнесува 50 илјади евра.
 Петиот предлог-проект што го презентираа работните групи на оваа сесија е “Подобрување на јавните комунални услуви во населбата Довлеџик“, чија цел е подобрување на инфраструктурата на населбата која, меѓу другото, нема ниту канализација ниту сообраќајни знаци. Предлог-буџетот за овој проект би изнесувал 48 илјади евра.
 Дискусиите, што активно се водеа меѓу граѓаните, содржеа и многу прашања за претставниците на општинската администрација, кои одговараа за евентуални решенија на нивните проблеми.
 Наредната, петта форумска сесија, ќе се одржи во април, до кога ќе се изработуваат последните подготовки за предлог-проектите.
 

 

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA