Announcements
Announcements archive
ОГЛАС за ангажирање на координатор/-ка на програмата | ОГЛАС за ангажирање на координатор/-ка на програмата |
|
|
| Friday, 20 March 2009 | |
|
Програмата „Форуми во заедницата“ има за цел да се поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво. Форумот претставува платформа за развој којашто цели кон тоа граѓаните да го подобрат сопствениот живот, со сопствени идеи и учество и администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на кое ќе му се верува. Во моментов програмата се спроведува во 13 општини.
Главните обврски на координаторот/-ката се однесуват на исполнување задачи за успешно спроведување на Програмата. Под раководство на раководителката на единицата за координација на форумите координаторот/-ката ќе биде задолжен/-а за: • давање поддршка во процесот на избирање на општините и имплементирачките организации, • координирање на работата на Програмскиот одбор на програмата, • водење на процесот на спроведување на програмата „Форуми во заедницата“ преку следење на форумскиот процес и координирање на работата со сите вклучени страни; • поддршка во подготовки на истражувања и прирачници; • организирање настани и средби (обуки, средби за вмрежување, состаноци, посети на консултанти и сл.); Потребни квалификации: - диплома за завршено високо образование (предност ќе имаат кандидаите од општествените науки или науките поврзани со развојот); - најмалку 5 години работно искуство во областа на развојот на заедниците особено граѓанското учество; - познавање на процесот на децентрализација; - одлична компјутерска писменост; - одлично познавање на англискиот јазик; - поседување комуникациски и вештини за градење тим; - флексибилност; - способност за работа под притисок и со кратки рокови; - важечка возачка дозвола. Заинтересираните за ова работно место се молат да испратат биографија и писмо за изразување интерес на англиски јазик по редовна или електорнска пошта на следнава адреса: Единица за координација на Форумите ул. Вељко Влаховиќ бр. 22а-1/2 1000 Скопје e-mail: This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it најдоцна до 5 април 2009. Понудите добиени по електронска пошта по наведениот рок или со поштенски печат подоцна од 5 април 2009 нема да бидат земени предвид. |
| < Prev | Next > |
|---|