Вклучени општини
Вклучени во 2008-2010
Кочани
Презентирани резимеата на 13 проекти | Презентирани резимеата на 13 проекти |
|
|
| 27.04.2009. | |
|
Петтата сесија во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 23 април, во холот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“, во присуство на околу сто граѓани.
Тринаесетте работни групи ги презентираа проектните резимеа, а граѓаните имаа можност да се запознаат со целите, активностите, одржливоста, предвидената временска рамка за реализација и буџетот на проектите.
Од презентираните резимеа, најголем буџет од осум милиони денари има проектот Покриен Градски базен. Групата што работеше на негова подготовка ја објасни потребата од поголемо искористување на геотермалните води кои преку цевководи минуваат крај базенот, и подолго искористување на базенот во текот на годината. Според поставените прашања, присутните покажаа интерес за деталите за проектот Реконструкција на воената зграда бр.5 на Пониква. На овој проект работеа пет здруженија на граѓани, и како што беше речено, зад него стојат над 1.200 лица, предлагачи на проектот. За реализација, од буџетот на Форумот се бараат пет милиони денари за изградба на објект што ќе можат да го користат ранливите групи граѓани. ![]() За проектот Младински културен центар, кој се нуди како можност за создавање услови за комуникација меѓу младите, општинските власти и локалната заедница беше упатена сугестија за конкретизирање на одредени сегменти од проектот за чија реализација изготвувачот бара 65 илјади евра. Беа презентирани и проектите за изградба на тротоари на улицата “Роза Петрова“, за асфалтирање на улицата “АСНОМ“ во Оризари, за потребата од атмосферска канализација во Кочани, проектите за оградување на училиштата “Никола Карев“, “Св.Кирил и Методиј“, “Љупчо Сантов“, Детската градинка “Павлина Велјанова“ и “Градската спортска сала“. Жителите на селото Бели го понудија резимето на својот проект за асфалтирање на патот до Дабот, а беше објаснета и завршната концепција на проектите за Санација на спортската сала, реконструкцијата на Градскиот стадион, Регионалниот старечки дом и за проектот Недоволно парковско зеленило во периферијата на градот. “Сметам дека Форумот влегува во завршна и се поинтересна фаза. Сите сме заинтересирани неколку месечниот труд посветен на изработка на проектите да биде верификуван со одобрување на средствата од буџетот на оваа Програма. Секако, за тоа со гласање ќе решат граѓаните кои учествуваа во работата на Форумот“, вели Силвана Иванова, член на работна група. Наредната, шеста форумска сесија, е закажана за 21 мај. Жителите на Кочани, преку програмата “Форуми во заедницата“, решаваат кои се приоритетите за социо-економскиот развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата во локалната заедница. Проектите ќе се финансираат со буџет од осум милиони денари, од кои два милиони се обезбедени од општина Кочани, а шест милиони се од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). |
| < Претходно | Следно > |
|---|