Насловна
Петта сесија во Битола Испечати Е-пошта
29.04.2009.
    Петтата форумска сесија во Битола се одржа на 24 април во ОУ “Елпида Караманди“ во присуство на околу 50 жители, кои во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, со сопствени идеи и учество придонесуваат за подобрување на секојдневниот живот во општината.petta_sesija_bitola.jpg
  Целта на петтата форумска сесија беше презентација на петте предлог-проекти изработени од граѓаните, согласност за нивно доработување, а во наредните сесии и одредување на приоритетните кои практично ќе се реализираат со помош на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), во соработка со општината.
    Првиот презентиран предлог-проект беше “Амбиетално уредување на училишниот двор во с. Кишава“, што го презентираше претставничката на работната група Амиде Џемал.
    Таа појасни дека со овој проект би се олесниле условите во образованието, не само за децата од селото Кишава, туку и за сите деца од околните села.
    Следеше презентација на вториот проект “Подобрување на комуналните услуги во населба Довлеџик“ за кој говореа и претставници од локалната самоуправа, и појаснија дека за овој проект веќе се ангажирала општината.
    Третиот, четвртиот и петтиот предлог-проект се однесуваа на Тумбе кафе, и тоа едниот за културно-историска знаменитост и можност, другиот за основната инфраструктура и третиот за спортско-рекреативен комплекс.
    На оваа тема говореа претставници од локалната самоуправа, архитекти, инженери и ученици, по што како и за претходните, беше изгласано овој проект да продолжи да се доработува.
    Наредната, шеста форумска сесија, ќе се одржи на 30 мај.



 
< Претходно   Следно >
Насловни
  • Pause
  • Previous
  • Next
1/8
 
Caska 13
Проект: Реконструкција на планинарскиот дом „Чеплес“

Календар на активности

февруари
пвсчпсн
0102030405
06070809101112
13141516171819
20212223242526
272829

Брошура


Најави за настани

Моментално нема најави за настани

Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA