Вклучени општини
Вклучени во 2008-2010
Битола
Петта сесија во Битола | Петта сесија во Битола |
|
|
| 29.04.2009. | |
|
Петтата форумска сесија во Битола се одржа на 24 април во ОУ “Елпида Караманди“ во присуство на околу 50 жители, кои во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, со сопствени идеи и учество придонесуваат за подобрување на секојдневниот живот во општината.
Целта на петтата форумска сесија беше презентација на петте предлог-проекти изработени од граѓаните, согласност за нивно доработување, а во наредните сесии и одредување на приоритетните кои практично ќе се реализираат со помош на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), во соработка со општината.
Првиот презентиран предлог-проект беше “Амбиетално уредување на училишниот двор во с. Кишава“, што го презентираше претставничката на работната група Амиде Џемал. Таа појасни дека со овој проект би се олесниле условите во образованието, не само за децата од селото Кишава, туку и за сите деца од околните села. Следеше презентација на вториот проект “Подобрување на комуналните услуги во населба Довлеџик“ за кој говореа и претставници од локалната самоуправа, и појаснија дека за овој проект веќе се ангажирала општината. Третиот, четвртиот и петтиот предлог-проект се однесуваа на Тумбе кафе, и тоа едниот за културно-историска знаменитост и можност, другиот за основната инфраструктура и третиот за спортско-рекреативен комплекс. На оваа тема говореа претставници од локалната самоуправа, архитекти, инженери и ученици, по што како и за претходните, беше изгласано овој проект да продолжи да се доработува. Наредната, шеста форумска сесија, ќе се одржи на 30 мај. |
| < Претходно | Следно > |
|---|