Вклучени општини
Вклучени во 2008-2010
Ново Село
Презентација на предлог-проектите во Ново Село | Презентација на предлог-проектите во Ново Село |
|
|
| 29.04.2009. | |
|
Презентации на резимеата за предлог-проектите во Ново Село се одржаа на петтата форумска сесија, што во присуство
на 77 жители се одржа на 15 април во ресторанот “Мичел“, во општината.
Претставници на работните групи пред Форумот ги претставија изработените резимеа од двете поттеми - “Довод и одвод на вода“ и “Канали за наводнување“.
Првата поттема ги опфаќа предлог-проектите за Обезбедување чиста вода за пиење во Ново Село, Замена на штетните азбестни цевки за водоснабдување во с.Сушица и Обезбедување чиста вода за пиење во с.Борисово и с.Мокриево. Присутните граѓани ги прифатија за доработка резимеата на предлог-проектите, што ги изработија членовите на работните групи формирани на претходните форумски сесии. Втората поттема “Канали за наводнување“, ги опфаќа предлог-проектите за Санирање и доизградба на каналска мрежа - во с. Мокриево, Колешино и Борисово, како и во селата Старо Коњаре, Дражево и Смолари. Дискусиите на жителите покажаа дека постоечките Водни заедници треба да имаат одобрение од македонската Влада за одржување на овие канали, по што се договри средба со локалните власти за утврдување на надлежностите за овие две резимеа. Презентацијата за предлог-проектот за Речното корито на реката Новоселка се одложи поради, како што наведе претставникот на оваа работна група, имотно-правни прашања. Наредната, шеста форумска сесија, е закажана за 20 мај |
| < Претходно | Следно > |
|---|