Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Берово arrow Одржана петтата сесија во Берово
Одржана петтата сесија во Берово Испечати Е-пошта
13.05.2009.
berovo-fvz.jpg
Околу 66 жители присуствуваа на петтата форумска сесија што на 29 април се одржа во основното училиште Дедо Иљо Малешевски, во општина Берово.
Присутните на сесијата, што се одржува во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, со голем ентузијазам и посветеност презентираа осум предлог проекти, врз основа на проблемите што во претходните сесии ги детектираа како приоритетни во својата општина. Тоа се Чиста околина, Европски карневал, Изградба на тротоари и атмосферска канализација, Кафе на плоштад, Чиста вода - здрав живот, Шеталиште и рекреација за сите, Култура и традиција и Спорт за сите.
  Предлог-проектите произлезени од Форумот беа разработувани на работните групи што се одржуваат меѓу форумските сесии, а сите беа поддржани од присутните граѓани како основани и издржливост.petta_sesija_berovo-1.jpg
  Жителите дадоа “зелено светло“ за понатамошна реализација на проектите, а Форумот соодветствуваше на идеалната структура за работа од аспект на полова, етничка и возрасна структура, што придонесе за успешна дебата.
  На сесијата беше присутен и градоначалникот Драги Наџиски кој им посака успешна работа на граѓаните и ги поздрави нивните амбиции. Тој, воодушевен од начинот на работа и организираноста, изјави дека ќе даде целосна поддршка за понатамошна соработка.
  Вкупниот буџет на програмата “Форуми во заедницата“ во општина Берово е осум милиони денари, од кои два милиони ги обезбедува општината, а шест милиони се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
   
 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA