Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Сарај arrow Презентирани девет предлог-проекти во Сарај
Презентирани девет предлог-проекти во Сарај Испечати Е-пошта
13.05.2009.
 Петтата форумска сесија во Сарај, во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 30 април во Општинската сала на Сарај во присуство на 60 граѓани.
  На сесијата беа презентирани девет предлог-проекти што беа изработени од страна на работните групи. Граѓаните имаа можност да се запознаат со целите, активностите, одржливоста, предвидената временска рамка за реализација и буџетот на проектите.
  Првиот предлог-проект што беше презентиран се однесуваше на Изградба и опремување  на спортски терен во основното училиште во село Копанце. По предлог на граѓаните се дополни работната група која работеше на овој проект со цел до наредната сесија да се изработат и  конечни  проекти  за изградба и опремување на спортски терени  и во селата Бојане и Ласкарце.
  Преставници на три работни групи кои работеа на предлог проектите  Изградба на спортски терен во  основните училишта  во селата  Љубин, Матка и Радуша ја објаснија неопходноста од изградбата на спортски терен во овие училишта.
  Преставникот на работната група која работеше на предлог-проектот Обнова и опремување на спортската сала во село Кондово ја  опиша состојбата во која се наоѓа спортската сала, кои активности треба да се преземат како и  буџетот кој е потребен.
  По презентацијата на предлог-проектот Обнова и опремување на спортските терени во село Долно Свиларе имаше реакции од страна на граѓаните и беше формирана комисија која треба да утврди дали на истото место централните власти планираат изградба на спортска сала.
  На сесијата беше презентиран и предлог-проектот Снабдување на здружението на пензионерите со спортски реквизити кој што имаше најмал предложен буџет и тоа 67 540 ден.
  За предлог-проектите Реновирање на Културниот дом во село Буковиќ  и Поправка на јавните реквизити и подигање на свеста за нивно чување и  соодветно користење не беше  предложен буџет.
  Наредната, шеста форумска сесија, е закажана за 27 мај.
  Избраните проекти ќе се финансираат со буџет од осум милиони денари, од кои два милиони се обезбедени од општина Сарај, а шест милиони се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA