Вклучени општини
Вклучени во 2008-2010
Ресен
Презентирани шест предлог-проекти во Ресен | Презентирани шест предлог-проекти во Ресен |
|
|
| 27.05.2009. | |
|
Петтата форумска сесија во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 11 мај во Големата сала на општина Ресен, каде присуствуваа 75 граѓани.
На оваа форумска сесија, каде присуствуваше и градоначалникот на општина Ресен Михаил Волкановски, беа презентирани шест предлог-проекти изработени од страна на работните групи.
Форумскиот процес во натамошниот тек ќе треба да избере приоритетни проекти кои конкретно ќе се реализираат со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), во соработка со општината. Првиот предлог-проект “Заедно за здрава и чиста Преспа“ се однесува на опремување лабораторија за испитување на штетните влијанија на хемиските препарати што се употребуваат во овоштарството. Овие влијанија се особено штетни врз здравјето на човекот, воздухот, водата и почвата. Исто така, предлог-проектот се однесува и на поголема едукација на населението за штетното дејство на пестицидите, а за чија реализација се потребни околу 3.666.000 денари. ![]() Вториот предлог-проект “Уредување на дворот и формирање на еколошко-едукативен и спортско-рекреативен центар-ЕКО Спорт“ би требало да допринесе да се обезбеди место за рекреација и спорт на младите, како и подигање на еколошката свест кај младите преку организација на разни спортски, едукативни и културни манифестации во овој центар. “Уред за рециклирање на отпад од преработка на дрво“ е третиот предлог-проект што беше презентиран пред присутните на Форумот со чија реализација би се искористувал отпадот што настанува од преработката на дрво, преку производство на еколошки брикети што натаму ќе се употребуваат за затоплување на некои јавни институции, како градински, амбуланти и училишта. “Уредување на градската депонија“ е четвртиот предлог-проект за чија реализација се потребни 1.440.000 денари, а во кој е предвидено оградување на депонијата со што би се спречило движење на неовластени лица и животни во депонијата, како и уредување на пристапен пат во депонијата со што би се подобрил и забрзал транспортот на отпадот. За петтиот предлог-проект “Изградба на канализациони мрежи и пречистителни станици во селата кои гравитираат кон Преспанското езеро“, Енгин Бахтијар во името на градоначалникот на Ресен истакна дека овој предлог-проект не може да се развива затоа што е обемен, а општината нема доволно средства за да го поддржи. Во шестиот предлог-проект “Подобрување на водоснабдувањето во Преспа“ е предвидена изградба на експлоатациони длабински бунари во околината на селата Царев Двор и Стење, како и санација на стар резервоар и инсталација на две нови пумпи за пумпната станица во ресен со што би се подобрило водоснабдувањето во овие села и во градот Ресен. Наредната форумска сесија ќе се одржи на 3 јуни. |
| < Претходно | Следно > |
|---|