Home arrow Announcements arrow Announcements archive arrow ОГЛАС за општините за спроведување на ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА во текот на 2009 и 2010 година
ОГЛАС за општините за спроведување на ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА во текот на 2009 и 2010 година Print E-mail
Wednesday, 27 May 2009
Програмата има за цел да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии – форуми во заедницата и последователно спроведување на проектите од форумските сесии преку соодветен фонд на средства. Форумот претставува платформа за развој која има за цел: (1) граѓаните да го подобрат сопствениот живот со сопствените идеи и учество и 2) администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на коешто ќе му се верува.

Конкретните цели на Програмата „Форуми во заедницата“ се:
- да ги вклучи граѓаните во локалното владеење;
- создавање партнерства меѓу локалните засегнати страни;
- подобрување на капацитетот на локалната заедница за развивање проекти;
- подобрување на капацитетот на локалната администрација во однос на децентрализацијата;
- конкретно подобрување на локалната социоекономска средина;

Право на учество имаат сите општини во Република Македонија кои не учествувале досега во програмата и кои ќе ги исполнат условите на конкурсот.

Целосната апликација заедно со упатството за пријавување треба да се преземе од на Програмата „Форуми во заедницата“: www.forumivozaednicata.com.mk или од вебсајтот на ЗЕЛС: www.zels.org.mk.

Правилно пополнетите формулари за пријавување со сите придружни документи треба да се достават до Единицата за координација на Форумите на долунаведената адреса по пошта или доставувач.

Единица за координација на форумите
ул. „Вељко Влаховиќ“ бр, 22а-1/2,
1000 Скопје, Република Македонија

Рокот за пријавување е 30 јуни 2009 година. За дополнителни информации обратете се на Цветанка Гирова, Координатор за програма и финансии (тел. + 389 2 3119 106).
 
< Prev   Next >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA