Вклучени општини
Вклучени во 2008-2010
Ресен
Шеста форумска сесија во Ресен | Шеста форумска сесија во Ресен |
|
|
| 30.06.2009. | |
|
На 3 јуни во Големата сала на Општина Ресен се одржа шестата форумска сесија на која беа презентирани предлог-проектите што ќе влезат во финална фаза, и што ќе бидат гласани на Форумот на следната, седма сесија
По дискусијата и облазложенијата околу предвидените буџети и планови за реализација на предлог-проектите и повлекувањето на два предлог-проекти, во финалната фаза, на седмата форумска сесија за да ја добијат поддршката на граѓаните на Ресен останаа да се изборат неколку предлог-проекти.
Тоа се: “Заедно за здрава и чиста Преспа“ - опремување на лабораторија за испитување на штетноста од употребата на пестицидите во Преспа, “Уредување на дворот и формирање на еколошко-едукативен и спортско-рекреативен центар - ЕКО СПОРТ“, “Уред за рециклирање на отпад од преработка на дрво“ и предлог-проектот “Подобрување на водоснабдувањето во Преспа“. Директорот на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој присуствуваше на сесијата Роман Дарбеле, искажа задоволство од учеството на граѓаните на форумските сесии и подготвеностa на SDC да ја продолжи поддршката на форумскиот процес во иднина. “Задоволни сме од тоа како се одвива форумскиот процес и од промените што се случуваат во општината. Процесот досега се одвива без никакви прекини што е резултат на зрелоста. Процесот наиде на разбирање од страна на граѓаните, да се развијат дебати и одредени различни мислења. Се надеваме дека тоа ќе ја зголеми потребата кај граѓаните заедно да работат во општината и да бараат повеќе. Тоа значи да бараат други можности во иднина во слични процеси“, рече Дарбеле. Од МЦМС, организација која ја спроведува Програмата во Ресен, истакнуваат дека се задоволни од начинот како се изработени предлог-проектите. “Со задоволство може да кажам дека сите форумски сесии, вклучително и оваа шеста сесија, се отсликува со активно учество на граѓаните и со релативно добро присуство, со отворени дискусии, со што може да се види дека предложените проекти се од различни сфера од интересите на граѓаните во општина Ресен. Предложените проекти се добро формулирани и добро подготвени“, истакна раководителот на Програмата од МЦМС Димче Митрески. . |
| < Претходно | Следно > |
|---|