Насловна
Битолчани ги презентираа предлог-проектите Испечати Е-пошта
3.06.2009.

   Околу 60 жители на Битола присуствуваа на шестата форумска сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 29 мај во ОУ “Елпида Караманди“, во Битола.
  

  Работните групи презентираа вкупно пет предлог-проекти, со соодветни цели, активности и предлог-буџети, за прашања што Битолчани ги утврдија како приоритетни за подобрување на секојдневниот живот во општината.
  Активностите во училиштето во село Кишава, во рамки на овој предлог-проект, имаат за цел подобрување на катастрофалната состојба во кругот на училиштето, како што наведе презентерот, и подобрување на условите за развој на децата и младите.
  Претставниците на работната група посочија на професионалната соработка меѓу работната група и управата на училиштето, при подготовка на предлог-проектот.
  Подобрување на јавните услуги во населбата Довлеџик се цел на предлог-проектот, пред се, поради отсуство на канализација и несредена патна и сообаќајна инфраструктура.
  Предвидените активности, меѓу другото, опфаќаат изградба на пешачки патеки од двете страни на коловозот, обележување на пешачки премини, поставување сообраќајни знаци, поставување на лежечки полицајци околу ОУ Елпида Караманди и детската градинка Мајски Цвет и асфалтирање на споредните улички.
  “Тумбе Кафе“ како спортско рекреативен комплекс, предлог-проект што според жителите на Битола, ќе овозможи поквалитетен и поздрав живот на граѓаните. Презентацијата опфати и фотографии и скици на Трим патеката.
  Инфраструктурата на овој битолски “бисер“, како и развој на културниот живот во овој дел од Битола, се целите на преостанатите два предлог-проекти што ги избра Форумот. Некои од очекуваните резултатите се ревитализација и заживување на пределот “Тумбе кафе“ преку заштита и разубавување на природниот амбиент, изградба на Летна сцена, пристапен пат, проширување на Зоолошката градина и др.
  Форумот, едногласно, ги прифати сите предлог-иницијативи и се согласи да се гласа по нив на наредната, седма форумска сесија, што ќе се одржи на 10 јули.

 
< Претходно   Следно >
Насловни
  • Pause
  • Previous
  • Next
1/8
 
Strumica-Pokrov_5
Проект: “Покров“ - Центар за рехабилитација и ресоцијализација на зависниците од дрога и алкохол

Календар на активности

февруари
пвсчпсн
0102030405
06070809101112
13141516171819
20212223242526
272829

Брошура


Најави за настани

Моментално нема најави за настани

Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA