Насловна arrow Тековни активности arrow Берово arrow Презентација на осум предлог-проекти во Берово
Презентација на осум предлог-проекти во Берово Испечати Е-пошта
3.06.2009.
Програмата “Форуми во заедницата“ продолжува во Берово, каде на 1 јуни се одржа шестата форумска сесија, во ОУ “Дедо Иљо Малешевски“.

  Претставниците на работните групи презентираа и дискутираа за осум предлог-проекти што жителите на Берово ги утврдија како приоритетни за решавање на прашања од нивниот секојдневен живот.
  Предлог-проектот за “Чиста околина“ презентираше подобрување на комуналната инфраструктура на три локации, како и објаснување за правната процедура за експропријација.
  Целите на проектот “Спорт за сите“, според присутните, го “врати“ форумскиот процес поради новите информации за други обезбедени средства. Форумот реши овој проект да се задржи во оваа форма, а до наредната сесија повторно да се разгледа од страна на работната група.
  Наредните презентации се однесува на предлог-проектите за атмосферска канализација, “Кафе на плоштад“ и чиста вода за пиење, каде претставниците на работните групи ги претставуваа целите, активностите и предлог-буџетите.
  И предлог-проектот “Шеталиште и рекреација за сите“ беше одобрен од Форумот, при што претставник на општинската администрација посочи дека нема правна и институционална пречка за имплементација на проектот.
  Истото се однесуваше и на наредниот предлог-проект, “Култура и традиција“, а во врска со предложениот “Европски карневал“, беше посочена потребата од документи, имотни листови и обзбедени финансиски средства.
  Програмата “Форуми во заедницата“, освен во Берово, во оваа фаза се спроведува уште во седум општини – Свети Николе, Кочани, Ново Село, Битола, Ресен, Сарај и Долнени.

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA