Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Ново Село arrow Жителите на Ново Село со предлог-проекти
Жителите на Ново Село со предлог-проекти Испечати Е-пошта
22.05.2009.
Околу 67 жители на Ново Село и околните места присуствуваа на шестата форумска сесија, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 20 мај во ресторанот “Сонце“, Борисово.

  Пет работни групи презентираа пет предлог-проекти и предлог-буџети што изминатите месеци ги утврдија жителите на оваа општина како приоритети за подобрување на нивниот секојдневен живот.
  Тоа беа предлог-проектите за обезбедување чиста вода за пиење во Ново Село, за замена на азбестните цевки во с.Сушица, презентацијата на третата работна група за обезбедување чиста вода за пиење во селата Мокриево и Борисово.
  Претставници на работните групи ги презентираа и предлог-проектите за санирање на каналска мрежа во селата Колешино, Мокриево и Борисово и за изградба на каналска мрежа во селата Старо Коњарево, Дражево и Смолари.
  Дискусиите на присутните жители најмногу се однесуваа на буџетите и високите цени, по што беше изразена загриженост дека поради ова, нивните проекти нема да се изгласаат.
  Претставниците од селата Борисово и Мокриево се согласија да се гласа само за проектот за канали за наводнување за Колешино, поради што буџетот ќе биде помал, а овие две села ќе останат застапени во проектот за обезбедување чиста вода за пиење.
 Наредната, седма сесија, е закажана за 24 јуни.
 Програмата “Форуми во заедницата“ има за цел партиципативно учество на граѓаните во процесот на децентрализација, со помош и финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC)

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA