Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Ново Село arrow Ново Село избра два приоритетни проекти
Ново Село избра два приоритетни проекти Испечати Е-пошта
25.06.2009.
“Обезбедување чиста вода за пиење во Ново Село“ и „Изградба на отворена каналска мрежа во селата Смолари, Дражево и Старо Коњарево“, се двата проекти што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ ќе се спроведуваат во општина Ново Село.

  Околу 80 граѓани присуствуваа на седмата форумска сесија каде ги изгласаа проектите, и што се одржа на 24 јуни во ресторанот “Сонце“, во Борисово.
  Двата проекти го “покрија“ вкупниот фонд на Програмата во Ново Село – осум милиони денари, и тоа 5.446.424 денари за чиста вода во општината, од кои Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и општината обезбедуваат 4.919.364 денари.
  Буџетот за вториот проект изнесува 3.536.396 денари, од кои Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и општината обезбедуваат 3.080.636 денари. Остатокот од средствата ги обезбедуваат носителите и партнерите.
  Седмиот Форум ги презентираше петте изработени предлог-проекти од страна на граѓаните на Ново Село и околните места, а право на глас имаа само жителите кои присуствувале на најмалку четири форумски сесии во изминатите месеци.
  Гласањето се одвиваше по работни маси односно една работна маса еден глас, по што се сумираат поените и се утврдува првоизбраниот проект.
Програмата, освен во Ново Село, во оваа фаза се одржува во уште седум општини – Кочани, Берово, Свети Николе, Ресен, Битола, Сарај и Долнени.

 
Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA