Донатор | SDC |
|
|
|
Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) е агенција за меѓународна соработка во рамките на Федералниот оддел за надворешни работи на Швајцарија. Во соработка со другите соодветни федерални канцеларии, SDC е одговорна за целокупната координација на развојните активности и за соработка со Источна Европа, како и за хуманитарната помош.
Швајцарија ја поддржува Македонија од 1992 година - како преку билатералната соработка, така и преку придонесот во меѓународните програми. Од 1996 година Македонија е приоритетна земја во соработката на Швајцарија со земјите од Источна Европа и со сојузот на независните држави. SDC/seco програмата за соработка за 2005–2008 година обезбедува поддршка на активностите во областа на управувањето и промоцијата на демократијата, поддршка на развојот на инфраструктурите на општинско ниво, како и поддршка во обезбедувањето нови работни места и во промоцијата на бизнисот. Особено внимание се посветува на зачувувањето на етничкиот диверзитет и на промовирањето на добрите односи со соседските земји. Развојна соработка: Приоритети Програмата 2005-2008 се фокусира на три приоритетни подрачја:
Стратегијата на SDC и SECO за периодот 2009-2012 година е усогласена со стратешката ориентација на Македонија и со документите донесени за таа цел, и истата е изготвена на начин којшто овозможува насочување и консолидирање на швајцарската соработка во Македонија. Стратегијата се потпира на досега стекнатите искуства во дадените сектори во државата и го олеснува воспоставувањето и функционирањето на постојните мрежи. Севкупната цел е да се помогне транзицијата на Македонија и процесот на европски интеграции со давање придонес кон развој на следните области:
• Дополнително развивање на демократска држава при што Собранието ефективно изготвува закони и контролни политики, локалните власти да овозможуваат услуги за граѓаните согласни европските стандарди при што граѓанското општество овозможува јавни услуги и отчетност на приватниот сектор; • Воспоставување на одржливо користење на природните ресурси т.е. полесна имплементација на интегриран систем за управување со водните ресурси како и долгорочна примена на политиките кон животната средина.
Тематското портфолио става акцент на две области (како и на соодветните подобласти):
1. Владеење на правото и демократијата, имплементирано од SDC, при што подобласти се олеснување на процесот на децентрализација, зајакнување на граѓанското општество и насочување на процесот на демократско изготвување на законите. 2. Вода и животна средина, имплементирано од SECO и SDC, при што подобласти се управување со води и со отпадни води како и заштита на биолошката разновидност. Регионалната соработка е суштински елемент на Стратегијата за соработка од аспект на решавање на проблеми специфични за регионот, преку соработка помеѓу државите, подобрување на односите и зајакнување на меѓусебната доверба. Освен тоа, како теми кои се испреплетуваат за сите проекти и програми се избрани родовите и доброто владеење. Со цел да се зголеми ефикасноста на помошта која се дава, Стратегијата се придржува до принципите на интервенирање т.е. прилагодување на принципите од Париската декларација да одговараат на спецификите на државата.
Контакт: Швајцарска агенција за развој и соработка ул. „Максим Горки“ бр. 19 MK-1000 Скопје Телефон: ++389 2 310 33 40 Факс: ++389 2 310 33 41 |