Насловна arrow Што е буџетски форум?
Што е буџетски Форум? Испечати Е-пошта
18.09.2009.

Тема - Една од главните карактеристики на буџетскиот форум е што темата на Форумот е однапред дефинирана - подготовка на општинскиот буџет за наредната година.




Форумски сесии - Буџетските форуми се спроведуваат во шест форумски сесии:
1. Сесија за воспоставување на форумот и на која ќе се дискутираат приоритетите на буџетот на општината
2. Сесија на која ќе се дискутира за приходите на општината
3. Сесија на која ќе се дискутира за приоритетните расходи на буџетот на општината
4. Сесија на која ќе се дискутира за приоритетните расходи на буџетот на општината
5. Сесија на која ќе се избира буџетска линија (капитални инвестиции) која ќе биде ко-финансирана од SDC
6. Последователна сесија на која ќе се даде отчет за тоа како се спроведени проектите финансирани од општинскиот буџет




Работни маси – нивната структура е според засегнатите страни од буџетот, и се дефинираат според главните општински активности односно ставки во буџетот, на пр. локална инфраструктура, образование и култура, транспорт и комуникации, итн.




Буџет – Општината ќе учествува во Проектниот фонд, кои средства ќе се трошат локално согласно одлуките донесени на Форумот. Проектниот фонд за секој Форум (секоја општина) се состои од финансиски средства доделени од SDC врз основа на учеството обезбедено од општината.
Проектите што се избрани за финансирање ќе бидат дел од општинскиот буџет односно програма. Ова е единствената разлика од Форумите во заедницата.




Право на учество - имаат само општините во Република Македонија кои веќе учествувале во Програмата.

 


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA