|
Тема - Преку Форумот во заедницата, општината дефинира две до три теми врз основа на проценка на (развојните) области кои најмногу треба да се решат и кои создаваат потешкотии во секојдневниот живот на граѓаните.
Изборот на темите треба да е направен врз основа на партиципативен процес, во кој се вклучени и жените и мажите, како и етничките малцинства. Исто така, тие треба да поттикнуваат различни мислења за нивно решавање.
Форумски сесии - На првата форумска сесија, граѓаните ќе решат која од предложените теми/области е најзначајна за нив, а потоа подлабоко ќе навлезат во неа на следните форумски сесии, утврдувајќи конкретни проблеми и предлагајќи решенија.
Работни маси - Учесниците во форумите се структурирани во работни маси, според нивните социјални и економски интереси. Локалната администрација е застапена во форумот со еднакви права (глас) како и останатите учесници.
Буџет – Општината учествува во Проектниот фонд, кои средства ќе се трошат локално согласно одлуките донесени на Форумот. Проектниот фонд за секој Форум (секоја општина) се состои од финансиски средства доделени од SDC врз основа на учеството обезбедено од општината
Право на учество – Форумот во заедницата може да ги опфати сите општини во Република Македонија кои ги исполнуваат критериумите за пријавување освен општините кои веќе учествувале во Програмата.
|