Насловна arrow Што е меѓуопштински форум?
Што е меѓуопштински Форум? Испечати Е-пошта
18.09.2009.

Тема – Форумот се одржува на тема од заеднички интерес која бара меѓуопштинска соработка, со важност за сите вклучени општини. Овој тип на Форум е отворен за соседни општини со сличен социо-економски профил



Форумски сесии
- На првата форумска сесија, граѓаните ќе го определат својот интерес кон темата, а на наредните сесии подлабоко ќе навлезат во неа утврдувајќи конкретни проблеми и предлагајќи решенија. Сесиите се одвиваат на принцип на ротација во секоја од општините, а превозот на учесниците „гости“ до местото каде што се одржува Форумот е обезбедено од страна на општините.



Работни маси - Учесниците на Форумот се распределени по маси согласно нивниот заеднички интерес за одбраната тема, а не според припадноста кон општината (на пр. претставниците на бизнис секторот од различните општини седат на иста маса)



Буџет - Општината ќе учествува во Проектниот фонд, кои средства ќе се трошат локално согласно одлуките донесени на Форумот. Проектниот фонд за секој Форум (секоја општина) се состои од финансиски средства доделени од SDC врз основа на учеството обезбедено од општината.
Средствата кои ги дава SDC и вкупната сума која ја даваат општините заедно го создаваат заедничкиот проектен фонд на меѓуопштинскиот форум.



Право на учество имаат сите општини во Република Македонија кои ги исполнуваат критериумите за пријавување без разлика дали претходно биле вклучени во Програмата или не.

 


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA