ЦИРа Испечати Е-пошта
Центарот за институционален развој (ЦИРа) е локална независна граѓанска организација којашто започна со работа во септември 2003 година. Во тоа време основач на ЦИРа беше локалниот персонал на Институтот за трајни заедници, кој во периодот 1995-2004 година ја спроведуваше Програмата за демократска соработка (ПДС), финансирана од УСАИД . Идејата за основање на локално регистрирана организација беше овој тим посветени и искусни луѓе да продолжи со обезбедувањето услуги на заедницата и со влијанието врз развојот на граѓанското општество во Македонија и пошироко.

Мисијата на ЦИРа е насочена кон јакнење на капацитетите на граѓанското општество и на локалните заедници за постигнување на значителни општествени промени. Остварувањето на својата мисија ЦИРа го гледа преку јакнење на капацитетите, промовирање на учеството на јавноста и мобилизирање на локалните ресурси во решавањето на прашањата на локалните заедници.

Стратегиски цели на ЦИРа се:
(1)    Развој на ефикасни и ефективни организации и институции;
(2)    Развој на филантропијата, и
(3)    Партиципативен развој на локалните заедници.

Програмата „Форуми во заедниците“ се спроведува во рамките на програмските активности за развој на локалните заедници. ЦИРа работи и на подобрувањето на животот на граѓаните, преку иницирање и спроведување на партиципативни процеси за развој на локалните заедници. Во рамките на овие процеси, индивидуите, формалните и неформалните групи, институциите и организациите на локално ниво ја преземаат одговорноста за донесувањето на одлуките и за реализирањето на своите идеи, со кои нивната заедница ќе стане поубаво место за живеење. Во исто време, ЦИРа работи и со локалната самоуправа, градејќи ги нејзините капацитети за транспарентно и отчетно работење, фокусирано на граѓаните и на нивните потреби.

ЦИРа работи во соработка со:
  • Невладините организации;
  • Централната и локалната власт;
  • Деловниот сектор;
  • Донаторската заедница во Македонија и во регионот;
  • Организациите од Балканот и од другите држави од Централна и од Источна Европа, и
  • Сите други релевантни актери во развојот на граѓанското општество и на локалните заедници.

Контакт:
Центар за институционален развој (ЦИРа)
Ул. „Диме Анцин“ бр. 9
1000 Скопје
Телефон: ++  389-2-3 114-855  
Факс: ++389-2-3 214-132
E-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

 


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA