Насловна
Трет Форум во Дебар Испечати Е-пошта
1.11.2009.
 Презентации на буџетските расходи беа една од темите на третата форумска сесија во општина Дебар, што во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 29 октомври, во ресторанот Пенестија.debar_budzetski-7.jpg Форумот, на кој присуствуваа  102 жители на општината, ги презентираше и дискутираше за расходите во општинскиот буџет за 2010 година, а се формираше и Работна група за препораките и предлозите од учесниците.
„Форумите во заедницата, и минатиот но и овој циклус, ни даваат можност нам, на граѓаните, да се вклучиме во активности преку кои ќе донесеме значајни одлуки на локално ниво„, изјави Илми Куртиши, од Здружението на Ромите “Месечина“.
Тој нагласува дека проектите што се нудат од локалната самоуправа се добри, но смета оти треба да се земат предвид и решенијата што ги нудат учесниците на Форумот.debar_budzetski-9.jpg
Буџетските расходи, на оваа сесија, ги презентираше претставник од секторот за финансии во општината, а сите предлози и коментари преку работна група ќе се достават до општината за да се земат предвид во буџетот за 2010 година.
Учесниците најмногу предлози дадоа за санација на водоводот и канализацијата, потоа за уредување на патишта и тротоари, за санација на училишни згради, за социјална заштита како и за култура.
Буџетскиот форум, освен во Дебар, во оваа фаза на Програмата се одржува и во Струмица и Берово. Вкупниот буџет за општина Дебар изнесува осум милиони денари, од кои два милиони денари се учество на општината, а шест милиони денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Програмата, во општина Дебар, ја спроведува Центарот за институционален развој – ЦИРа, во соработка со општината.
 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA