Вклучени општини
Вклучени во 2008-2010
Берово
Предлози за подобрување на приходите – втора сесија во Берово | Предлози за подобрување на приходите – втора сесија во Берово |
|
|
| 16.10.2009. | |
Втората форумска сесија во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ се одржа на 14 октомври, во ресторанот Ловен дом во присуство на 77 жители на општината Берово.
Теми на сесијата беа презентации на приоритетите за развој на општина Берово за 2010 година, планираните/реализирани приходи на општината за оваа година, како и проекција на приходи за наредната 2010 година.Учесниците на Форумот, преку предлози по работни маси, дадоа дваесеттина предлози за подобрување на приходите, меѓу кои поажурна општинска администрација за прибирање даноци, поголема соработка меѓу централната власт (министерствата) и локалната власт околу издавање дозволи за работа, развој на односот граѓанин-општина за собирање и трошење на средствата од граѓаните, зголемување на ефикасноста при собирање данок на имот, плаќање на данок на земјоделско земјиште и друго. „Форумот даде можност и селските населби да се вклучат со свои предлози за решавање на нивни проблеми, вели претставничката од месната заедница-Будинарци Валентина Пачарска. Според неа, учесниците имаат можност да се вклучат со свои предлози за решавање и на инфраструктурни проблеми, што има големо значење за жителите на селските населби. Средствата на општината и на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), што вкупно изнесуваат осум милиони денари за општина Берово, ќе се наменат за реализација на проекти што граѓаните ќе ги утврдат во рамките на еден од проектите од општинскиот буџет. Програмата, во Берово, ја спроведува Македонскиот центaр за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со општината. |
| < Претходно | Следно > |
|---|