Насловна arrow Вклучени општини arrow Вклучени во 2008-2010 arrow Берово arrow Предлог-расходи по надлежност
Предлог-расходи по надлежност Испечати Е-пошта
22.10.2009.
Третата форумска сесија во општина Берово се одржа на 21 октомври, во ресторанот Ловен дом во присуство на 67 жители на општината.berovo-budzetski.jpg

  Сесијата, во рамки на буџетскиот форум, опфати дискусии и презентации за проекцијата на приходи во општината за 2010 година и расходи по надлежност – комунални дејности и заштита на животната средина и природа.
  Раководителот на одделението за финансии при oпштина Берово Ѕвонко Пекевски ги презентираше приходите на општина Берово за 2010 година, истакнувајќи дека со изработката на нацрт-буџетот и неговата целосна верзија што треба да помине на Советот на општина Берово, ќе се знае колкава ќе биде ставката на расходи за наредната година.
  Учесниците ги утврдија следниве предлози за расходите од комунални дејности: Јавно осветлување – користење на алтернативни извори на енергија, Водоснабдување, Третман на отпадни води, Патишта, улици и кеј, Одржување на гробиштата и Правилен третман на отпад.
  Предлозите во врска со расходите од заштитата на животната средина и природа се Заштита на вода, почва и воздух, Искористување на алтернативни извори на енергија, Заштита на шумите како природно богатство и Поголема контрола врз искористувањето на шумите и одржување на споредните шумски патишта.
  Работните маси  дадоа свои предлози за чија реализација ќе треба да бидат одделени средства од буџетот на општината. Најмногу предлози имаше за осветлувањето во градот, особено покрај кејот на реката Брегалница  и осветлување во селските населби, поставување на повеќе контењери  во туристичките населби, поплочување на патот кон гробиштата,  одржување на капела и давање погребални услуги, замена на  азбесните цевки на местата каде не се сменети, да се промени водоводната мрежа во село Русиново, да се користат алтернативни извори на енергија, да се зголеми надзорот над загадувачите на околината, одбележување на природните извори на вода кои се добри за користење, поголема контрола над шумите и нивната сеча, заштита од загадување на водите на реката Брегалница , поставување мрежа околу појасот на Беровското езеро, обезбедување локација за депонија и друго.
  Големиот број на предлози говори дека учесниците на форумот беа многу активни во дискусиите и предлагањето, како и пројавената заинтересираност за буџетот на општина Берово и работата на локалното раководство.

 

 

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA