| Идентификување на проблемите во Могила-Новаци |
|
|
| 28.10.2009. | |
Идентификување и дефинирање на проблемите во рамки на темата Собирање смет, беше тема на втората форумска сесија што се одржа во општинската сала во село Новаци, во присуство на 104 жители од двете општини.
Присутните на Форумот утврдија четири главни проблеми - Недоволна инфраструктура за собирање на смет, Нефункционирање на депониите и појава на нови депонии, Проблем со арското ѓубре и ѓубрето во населените места и Ниска еколошка свест на граѓаните.По утврдување на проблемите, се формираа четири работни групи, чии членови се граѓаните на општините Новаци и Могила, со задача да ги истражува овие проблеми и изработка на презентација од истражувањето. Учесниците ги поздрави и градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски кој ги повика присутните да бидат што поредовни на форумските сесии, и потенцираше дека средствата би можеле да се искористат за активирање на комуналните претпријатија во двете општини. ![]() Претставник на локалната самоуправа во Могила и Новаци ги презентираше тековните и планирани активности на општините во делот на собирање смет, и ги повика граѓаните со консензус да ги идентификуваат проблемите. Исто така, посочи на меѓуопштинска соработка од областа на градежништвото и урбанизмот. Сесијата го презентираше и блогот на Програмата каде ќе се ажурираат сите информации за текот на форумските сесии, термините на наредните сесии, прашања на граѓаните и други информации. Вкупниот буџет на Програмата во овие општини изнесува осум милиони денари, од кои шест милиони денари се донација од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а по еден милион денари обезбедуваат општините Новаци и Могила. |
| < Претходно | Следно > |
|---|