Насловна
Прва сесија во Радовиш-Конче Испечати Е-пошта
19.11.2009.
radovis-konce.jpgОколу 150 жители присуствуваа на првата форумска сесија што на 8 октомври се одржа во ресторанот “Шампион“ во Радовиш.   Темата на овој меѓуопштински Форум, што за прв пат се одржува во овие општини, е “Водоснабдување и отпадните води“ и ја претстави претставник на секторот за локален економски развој (ЛЕР).
  Форумот, по презентацијата, ја утврди структурата со формирање на девет работни маси. Тоа се – Бизнис сектор, Животна средина, Земјоделство, Јавна администрација, Спорт и рекреација, Култура и туризам, Млади, Образование и Здравство.
  Присутни на сесијата беа и двајцата градоначалници – Стојан Лазаров од општина Конче и Роберт Велков од општина Радовиш, кои упатија апел до граѓаните масовно да се вклучат во решавање на приоритетните проблеми и унапредување на општините.radovis-konce-3.jpg
  Меѓуопштинскиот форум се одржува на тема од заеднички интерес која бара меѓуопштинска соработка, со важност за сите вклучени општини.
  Овој тип на Форум е отворен за соседни општини со сличен социо-економски профил.
  Форумот во општините Радовиш-Конче го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), а вкупниот буџет за овие општини изнесува осум милиони денари од кои два милиони се учество на општуината, а шест милиони донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
 
< Претходно


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA