| Жителите на Аеродром ќе решаваат проблеми во училиштата |
|
|
| 30.11.2009. | |
Условите во кои се одвива наставата во основните училишта и во градинките се покажаа како проблем што најмногу ги засега граѓаните на општина Аеродром.
Ова е резултат од првата форумска сесија во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ што на 28 октомври се одржа во холот на основното училиште “Ѓорѓија Пулевски“. Од трите понудени теми, Урбан развој на општина Аеродром, Комунална инфраструктура и Образование, жителите на Аеродром ја избраа темата Инфраструктурно подобрување на условите за работа во основните училишта и градинките на Аеродром.Според ова, во наредните шест сесии ќе се изработуваат проекти и ќе се изнаѓаат решенија за да се подобри состојбата во која се наоѓаат зградите на училиштата и на градинките. Проектот или проектите што ќе се изберат ќе се спроведуваат и финансираат со 6,6 милиони денари, од кои четири милиони донира Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), два милиони општината Аеродром, а 600 илјади се придонес на носителите на проектот. На почетокот на сесијата, присутните ги поздравија Крисина Хаџи Василева од Единицата за координација на форумите и Трајче Недевски, раководител за развој на МЦМС, организација што ја спроведува програмата во општина Аеродром. Тие посочија дека е добро што повеќе граѓани да се вклучат во дискусиите, со цел идеите да се преточат во конкретни проекти. Марјан Келемен се обрати во името на општина Аеродром истакнувајќи дека форумот е сам продолжение на општинските ангажмани за што поголема транспарентност и непосредност во работата со граѓаните. Форумот ја формираше и структурата односно се утврдија шет работни маси кои ќе ги бранат своите интереси – Спорт и рекреација, Животна средина, Образование и наука, Труд и социјала, Енергетика и Стопанство. ![]() Стручни лица од општината ги образложија трите теми и какви проекти може да произлезат од нив ако се изберат, на што граѓаните се надополнуваа со свои конкретни идеи, како на пример како да се осветли просторот околу пругата кај булеварот Србија или да се изгради плоштад. Според објаснувањето на Елизабета Томевска од општинскиот сектор за образование за да се доведат во ред објектите на сите образовни установи би биле потребни дури 15 милиони евра, па затоа секоја донација е добредојдена да се решат проблемите со покривите, фасадите, вратите и прозорците, ѕидовите и подовите, тоалетите. Наредната сесија е закажана за 25 ноември во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“. Програмата Форуми во заедницата, освен во Аеродром, во оваа фаза се одржува во уште 11 општини – Боговиње, Могила Новаци, Радовиш Конче, Гостивар, Македонски брод, Струмица, Берово, Дебар и Крушево. |
| < Претходно |
|---|