Насловна
Граѓаните ги утврдија проблемите во училиштата и градинките Испечати Е-пошта
28.11.2009.
aerodrom_2.jpgЖителите на Аеродром, на втората форумска сесија во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ што се одржа во основното училиште “Ѓорѓија Пулевски“, ги дефинираа проблемите со кои се соочуваат седумте основни училишта и двете детски градински во општината.

  Претставничката на општинскиот сектор за образование, на сесијата ја претстави состојбата во образовно-воспитните објекти, пред се преку фотографии од покривите, фасадите, прозорците, вратите, санитарните јазли и слично.
  Присутните учесници, поделени по работни маси, одредија по три проблеми што ги сметаа за приоритетни. На овој начин аеродромци утврдија 70-тина проблеми со кои се соочуваат 5.696-те ученици во основните училишта.
  Потоа, тие беа категоризирани во седум групи како обнова на подовите, реновирање на санитарните јазли, поправки или замени на покривите, обезбедување наставни помагала и реквизити, уредување на уличните дворови, решавање на проблемите со енергетска ефикасност и со освелтувањето, и градење и уредување на спортски терени.aerodrom_4.jpg
  Жителите на Аеродром, а наредните сесии, ќе изработуваат проекти за решавање на овие групи проблеми, а на седмата ќе се изберат проект/и за чија реализација е наменет фондот на програмата “Форуми во заедницата“.
  Буџетот изнесува 6,6 милиони денари од кои 4 се донација од Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC), два милиони се од општината Аеродром, а 600 илјади се придонес на носителите на проектот.
  Програмата Форуми во заедницата во Аеродром ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
  Наредната форумска сесија ќе се одржи на 23 декември, во 18:30 часот, исто така во основното училиште “Ѓорѓија Пулевски“.

 

 

 

 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA