Тековни активности
Македонски брод
Трета сесија во Македонски Брод | Трета сесија во Македонски Брод |
|
|
| 21.01.2010. | |
Третата форумска сесија во општина Македонски Брод, во присуство на 59 жители на општината, се одржа на 16 декември во ОУ " Св.Климент Охридски."
Сесијата презентираше преглед на работата меѓу двете форумски сесии, односно присутните проследија три презентации на извештаи од трите групи на проблеми што беа утврдени на претходната сесија:-патна и урбана инфраструктура -образование, спорт и рекреација -екологија и туризам Извештаите од работните групи беа проследени со слајдови и слики, а беше направен и преглед на проблемите по кои имаше и дискусија од жителите. Работните маси согласно проблемите што се дефинираа понудија и предлог-решенија. Приоритетите што граѓаните ги утврдија во рамки на главната тема "Развој на инфраструктурата" се: -уредување на централното градско подрачје -изградба на кејот -подобрување на услови за ловен туризам -асфалтирање на улици и тротоари -подобрување на инфраструктурата во с.Самоков -изградба на спортско игралиште и паркинг -чистење на диви депонии -доградба на домот во с.Зркле Согласно овие групи на проблеми се формираа работни групи што ќе ги испитаат информациите на терен и ќе ги презентираат резултатите на наредната, четврта сесија закажана за 27 јануари. Програмата "Форуми во заедницата", во оваа фаза, освен Македонски Брод, ги вклучи и општините Аеродром, Берово, Радовиш, Конче, Крушево, Струмица, Могила, Новаци, Гостивар, Дебар и Боговиње. |
| < Претходно | Следно > |
|---|