Насловна
Презентирани концепт-предлози во Радовиш –Конче Испечати Е-пошта
22.01.2010.
cetvrta_sesija_radovis_konce.jpgВкупно 76 жители на Радовиш и Конче присуствуваа на четвртата форумска сесија што се одржа на 21 јануари во ресторанот “Шампион“ во Радовиш.  Учесниците на Форумот презентираа четири предлог-концепти што ги изработија согласно приоритетите кои ги утврдија на претходните сесии во двете општини.
 Првиот предлог-проект е “Искористување на атмосферксата вода како техничка и поделба на региони на населените места нспоред надморска висина“, чиј предлог-буџет се проценува на 8.800.000 денари.
 Целта е да се обезбеди доволна количина квалитетна вода и подобрување на здравјето за сите жители на општините Конче и Радовиш.
“Кампања за правилно користење на водата“ е предлог-концепт чии предлог-решенија содржат дистрибуција на флаери, ТВ кампања, радио кампања и предавања на професори едуцирани на оваа тема.
 Вкупниот предлог-буџет изнесува 600 илјади денари, а меѓу директните и индиректните корисници се децата во градинка, учесници, гимназијалци, и сите жители на општините Радовиш и Конче.
 Форумот го презентираше и третиот концепт-предлог “Техничка опрема за одржување на мрежата за одвод на отпадните води“, со вкупен предлог-буџет од 135 илјади евра.cetvrta_sesija_radovis_konce-1.jpg
 Целта на овој проект е да се обезбеди квалитетна животна средина, заштита на  почвата од фекалии и друго. Дел од предлог-решенијата опфаќаат набавка на комбинирано возило за канализација за општина Радовиш и набавка на трактор со цистерна под висок притисок за општина Конче.
 Последниот концепт за предлог-проект се однесува на “Третманот на отпадни води и колекторски системи за отпадни води“, со вкупен предлог-буџет од 6.500.000 денари.
 Овој проект има за цел правилен третман на отпадните води, производство на здрави земјоделски производи, искористување на прочистената вода и друго.
 Меѓу предлог-решенијата се изработка на техничка документација, физибилити студија за третман на отпадните води, изработка на идејни и основни проекти за колекторски системи, техничка контрола (ревизија) и сл.
 Наредната, петта форумска сесија, е закажана за 18 февруари.
 
< Претходно   Следно >


Кликнете на јазикот под сликата за соодвената верзија на Билтенот

bilten_forumi_vo_zaednicata_noemvri.jpg
мкд / алб / тур

Билтен


Партнери

SDC   zels   FIOOM   CIRA   mcms-logo.jpg   ADI   ALKA